ГРЦИЈА - ХОТЕЛСКО СМЕСТУВАЊЕ

назад до:"ГРЦИЈА - ХОТЕЛСКО СМЕСТУВАЊЕ"

Хотел "Toroni Blue Sea ( Old Wing)" 3*


Локација: хотелот е лоциран во непосредна близина на плажата во Торони, една од најпопуларните песочни плажи на Ситонија, Халкидики.
Хотелски содржини: рецепција, ресторан, отворен базен, pool бар, snack бар, бежичен интернет (wi-fi), паркинг, рент а кар услуги, фитнес, мини маркет, SPA центар ...
Сместување: Хотелот е организиран во два сместувачки дела од различна категорија. 
Главна зграда **** > 45 соби со поглед на базен и море. Собите се опремени  со тераса/балкон, бања, клима, сателитска ТВ телефон, мини бар ...
Депанданс (Old wing **+) > студио-соби на приземје, 1 и 2 кат. Собите се опремени со тераса/балкон, бања, мини бар, ТВ, клима уред ...
Плажа: песочна плажа со beach bar
Услуга: полупансион (појадок и вечера)





* Во основните цени не се пресметани попусти. Цената со попуст за рани резервации е дадена во редот под основната цена (со црвена боја)
* За резервација потребна е уплата од мин. 30% од вкупната цена, а останатиот дел се доплаќа најдоцна 15 дена пред почетокот на аранжманските услуги 
 *** (Освен за резервации во РАН БУКИНГ, кога условите се дефинирани поинаку, според забелешката подолу) ***


Попустите за ран букинг (“Early Booking”) имаат валидност за резервации направени до и заклучно со датумот означен во табуларните ценовници. Истите не може да бидат комбинирани со други попусти и промоции. ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА ПО ПРИЛОЖЕНИТЕ УСЛОВИ ЗА РАН БУКИНГ ПОТРЕБНА Е НЕРЕФУНДАБИЛНА УПЛАТА ОД 50% ОД ВКУПНАТА СУМА НА АРАНЖМАНОТ, А ЦЕЛОСНА ДОПЛАТА СЕ ВРШИ НАЈДОЦНА 2 НЕДЕЛИ (15 ДЕНА) ПРЕД ДАТУМОТ НА ВЛЕЗ ВО ХОТЕЛ. 

Сите резервации направени по предвидените датуми за рано букирање ке бидат наплатени по редовни, или ревидирани услови и цени актуелни во периодот на резервирање. Промени во резервации направени во предрезервацискиот период не се дозволени. Во случај на промена на веќе потврдена резервација (имиња, број на патници, хотел, термин, итн) цената на програмата ќе биде калкулирана редовно, без попустот за рано букирање, односно според цените актуелни во периодот кога се врши промената, освен во ситуации кога организаторот писмено ќе дозволи поинаку.


ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
* Сместување во избраниот хотел на база на избраната услуга во термин со 7 ноќевања, според табелите во ценовникот. 
* Трошоци за организација на програмата.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
* Превоз до избраниот хотел во Грција (на барање, со доплата, може да се организира превоз до хотелите)
* Задолжително патничко осигурување.
* Услуги како бесплатно користење лежалки и чадори на плажа итн. не се вклучени во цена, освен ако е наведено поинаку во подеталните описи на хотелот
 * Останати индивидуални трошоци, факултативни екскурзии, дополнителни оброци....


УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ:

 * Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62,0 ден. за 1 ЕВРО. 


АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ: 35 € (25 € деца 02-12г.) 


ВАЖНИ НАПОМЕНИ:
- Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови.
- Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
- Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.
- Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.

Туристичка такса за престој се плаќа директно во хотел:
5* хотели: 4 € од соба од ноќевање
4* хотели: 3 € од соба од ноќевање
3*хотели: 1.50 € од соба од ноќевање
1 & 2* хотели: 0.50 € од соба од ноќевање


назад до:"ГРЦИЈА - ХОТЕЛСКО СМЕСТУВАЊЕ"

Новости

12.05.2017

НАЈУБАВИ ПЛАЖИ НА СИТОНИЈА


Топ 10 најубави плажи на Ситонија, вториот крак на Халкидики, кои ќе ви станат едни од омилените.

повеќе

05.11.2016

КАКО ПАТУВАЊАТА НЕ ПРАВАТ ПОДОБРИ ЛИЧНОСТИ ?


Патувањата секој ги доживува на различен начин, но со сигурност на сите ни влијаат и повеќе од одлично.

повеќе

12.05.2016

10 дена на море прават чудо за вашето тело и душа


Што точно ви носи летувањето на море?

повеќе