Кампови

назад до:"Кампови"

АВТОКАМП АС - СТРУГА


Во југозападниот дел, на само 2.5 километри од градот на поезијата - Струга, на крајбрежјето на Охридското езеро - бисер на Балканот, се наоѓа Авто Камп АС - дел од групацијата Дрим хотели.

Кампот АС е вистинско место за одмор за оние што сакаат да бидат подалеку од градските гужви и воедно да бидат поблиску до природата.

Дозволете си зеленилото да ви биде инспирација.

СМЕСТУВАЊЕ

Овој прекрасен атрактивен камп од прва категорија изобилува со бујно зеленило и има капацитет од 1000 камперски единици.

Кампот АС официјално е отворен од 01 Мај до 15 Октомври, секоја година, и е вистинско место за љубителите на ваквиот начин на летување.

Во непосредна близина на кампот има на располагање продавници, ресторант, спортски терени за кошарка и ракомет, како и сопствена плажа.

За било какви дополнителни услуги или асистенција, рецепцијата на кампот е на раполагање од 07:00 до 22:00 часот, а исто така има и 24-часовно обезбедување.

ЦЕНИ:

МАЛ БУНГАЛОВ - 30 ЕУР

ГОЛЕМ БУНГАЛОВ - 40 ЕУР

 


назад до:"Кампови"

Новости

12.05.2017

НАЈУБАВИ ПЛАЖИ НА СИТОНИЈА


Топ 10 најубави плажи на Ситонија, вториот крак на Халкидики, кои ќе ви станат едни од омилените.

повеќе

05.11.2016

КАКО ПАТУВАЊАТА НЕ ПРАВАТ ПОДОБРИ ЛИЧНОСТИ ?


Патувањата секој ги доживува на различен начин, но со сигурност на сите ни влијаат и повеќе од одлично.

повеќе

12.05.2016

10 дена на море прават чудо за вашето тело и душа


Што точно ви носи летувањето на море?

повеќе