Хотели

назад до:"Хотели"

ХОТЕЛ РАДИКА - ЛЕУНОВО


Хотел Радика е првокласен планински комплекс лоциран во Националниот парк "Маврово", Западна Македонија...

Хoтел Радика е првокласен планински комплекс лоциран во Националниот Парк "Маврово", Западна Македонија, на одлична издигната позиција над Мавровското Езеро, која е опкружена со автентична шума. Локацијата е инспиративна во текот на целата година и е на оддалеченост од само 90 километри од аеродромот во Скопје.

Хотелот е целосно реновиран во 2008 година и претставува изненадување за сите кои за прв пат го посетуваат. Одличната локација и опкружување (1400м надморска висина), просторните соби, стилскиот дизајн како и големиот СПА центар, ќе придонесат Вашиот престој во Хотел Радика да биде незаборавен.

Со чаша македонско вино можете да се опуштите и да уживате во посебната атмосфера и да се уверите во познатата македонска гостопримливост. Хотел Радика е идеално место за бегство од градскиот метеж и регенерирање на потребната енергија. Ние ги нудиме најлуксузните и најпространи хотелски соби во Македонија. Собите се со современ, елегантен и удобен мебел, изградени во барок и модерен стил. Располагаме со 5 видови хотелски единици, приспособени за сечии потреби. Хотелските соби имаат поглед кон Мавровското Езеро и дел кон планински пејзаж. Хотелот располага и со внатрешен и надворешен базен, фински сауни, парни бањи, масажи, турски амам, џакузи со солена вода, спортски терени, забавно рекреативен центар, ски лифт, ски опрема, моторни санки за возрасни и деца, велосипеди како и многу други подобности кои ќе го направат Вашиот престој во Радика исполнет и интересен. Нашата мисија е на локално ниво да достигнеме врвен хотелски стандард, да ги надминеме очекувањата на регионалните посетители и да станеме прв избор, за нашите потенцијални корпоративни и приватни клиенти. Како добри домаќини, со природна насмевка и ненаметлива љубезност, со задоволство Ви стоиме на располагање 24 часа во денот, 365 дена во годината.

СМЕСТУВАЊЕ

- СУПЕРИОР СОБИ

- ЈУНИОР АПАРТМАНИ

- АПАРТМАНИ

- ДУПЛЕКС

- ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ

 

СУПЕРИОР

  • Интернет
  • Макс ТВ
  • Фен
  • Голем LCD телевизор
  • Кралски кревет
  • Клима
  • Мини бар
  • Сеф
  • Посебна бања

39€

2418 мкд

59€

3658 мкд

ЏУНИОР

  • Интернет
  • Макс ТВ
  • Фен
  • Голем LCD телевизор
  • Кралски кревет
  • Клима
  • Мини бар
  • Сеф
  • Посебна бања
  • Посебно џакузи

47€

2914 мкд

71€

4402 мкд

АПАРТМАН И ДУПЛЕКС

АПАРТМАН

  • Интернет
  • Макс ТВ
  • Фен
  • Голем LCD телевизор
  • Кралски кревет
  • Клима
  • Мини бар
  • Сеф
  • Посебна бања

55€

3410 мкд

83€

5146 мкд

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ

АПАРТМАН

  • Интернет
  • Макс ТВ
  • Фен
  • Голем LCD телевизор
  • Кралски кревет
  • Клима
  • Мини бар
  • Сеф
  • Посебна бања
  • Посебно џакузи
  • Камин

120€

7440 мкд

205€

12710 мкд

  • Цените се валидни за индивидуални гости, не се валидни за групи.
  • Деца од 0-3,99 год. сместени со родители-гратис.
  • Деца од 4-11,99 год. - 15 евра/ноќевање**
  • Трето лице(возрасно) во соба - 25 евра/ноќевање.

*цените се пресметуваат во денарска противвредност 1 евро = 62 мкд

**деца над 12 години се сметаат за возрасни


назад до:"Хотели"

Новости

12.05.2017

НАЈУБАВИ ПЛАЖИ НА СИТОНИЈА


Топ 10 најубави плажи на Ситонија, вториот крак на Халкидики, кои ќе ви станат едни од омилените.

повеќе

05.11.2016

КАКО ПАТУВАЊАТА НЕ ПРАВАТ ПОДОБРИ ЛИЧНОСТИ ?


Патувањата секој ги доживува на различен начин, но со сигурност на сите ни влијаат и повеќе од одлично.

повеќе

12.05.2016

10 дена на море прават чудо за вашето тело и душа


Што точно ви носи летувањето на море?

повеќе