ПАТУВАЊА ВО ФЕВРУАРИ

назад до:"ПАТУВАЊА ВО ФЕВРУАРИ"

ЛУТРАКИ


1 ден (сабота – 15.02.2020): БИТОЛА– ЛУТРАКИ

Состанок на групата во 06:30 часот на паркингот кај спотрската сала. Поаѓање за Лутраки во 07:00 часот. Се патува преку г.п. Меџитлија. Пристигнување и сместување во приватни апартмани. Слободно време и посета на комплексот термални извори и капење во истите. Овој спа-центар е сместен на јужната страна од планината Кајмакчалан, на надморска висина од околу 390 м. Топлите извори се создаваат од дождовната вода, која влегува во земјата каде се затоплува и збогатува со минерали. Природниот спа-центар има инфраструктура и објекти како покриен и откриен базен, приватни бањи, кафе бар. Температурата на водата во овој центар е константна преку цела година и изнесува 37℃, со многу лековити својства. Во вечерните часови организирана вечера со музика. После вечерата неповторливо романтично ноќно капење во базените. Ноќевање.

 

2 ден (недела –16.02.2020): ЛУТРАКИ – ВОДЕН – БИТОЛА

Утринска посета на изворите. Слободно време за уживање во топлата вода и убавата природа која ги опкружува изворите. Околу пладне напуштање на собите. Состанок на групата и поаѓање за Воден. Пристигнување во Воден. Слободно време за индивидуален разглед на градот како и посета на водопадите. Планирано поаѓање за Битола во приквечерните часови. Пристигнување во Битола во вечерните часови.

 

Цена на аранжманот: 2.940,ооденари

 

Цената на аранжманот вклучува:

  • организиран превоз на горенаведената дестинација
  • 1 ноќевање во апартмани и студија во Лутраки
  • организирана вечера со мени, еден пијалок и музика
  • организирано романтично ноќно капење
  • посета на Воден и водопадите
  • организација, водство и реализација на аранжманот

 

Цената на аранжманот не вклучува:

  • влезниците при посета на спа-центарот / 2 или 3 € (во зависност од базенот)
  • патничкото осигурување
  • доплата за превоз од Струга, Охрид, Ресен, Прилеп – 5 € по лице

 

Напомена:

 За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата. За користење на аранжман со сопствен превоз цената останува иста.


назад до:"ПАТУВАЊА ВО ФЕВРУАРИ"

Новости

12.05.2017

НАЈУБАВИ ПЛАЖИ НА СИТОНИЈА


Топ 10 најубави плажи на Ситонија, вториот крак на Халкидики, кои ќе ви станат едни од омилените.

повеќе

05.11.2016

КАКО ПАТУВАЊАТА НЕ ПРАВАТ ПОДОБРИ ЛИЧНОСТИ ?


Патувањата секој ги доживува на различен начин, но со сигурност на сите ни влијаат и повеќе од одлично.

повеќе

12.05.2016

10 дена на море прават чудо за вашето тело и душа


Што точно ви носи летувањето на море?

повеќе