24ти МАЈ

назад до:"24ти МАЈ"

ПАРОС - НАКСОС - МИКОНОС


Парос е населен од 3200 п.н.е., според ископувањата што се одвиваат на островот Салиагос, кој се наоѓа помеѓу Парос и Антипарос. Според митологијата, Критскиот Алкаос бил првиот крал на Парос и изградил град на местото на сегашниот главен град Парикија. Во тоа време, Крит тргуваше со Египет, Асирија и со Балканот. Парос беше идеално место поради својата стратешка позиција (во центарот на Кикладите) и плодното земјиште. Кританците го претворија островот во поморска станица и го дадоа името на Миноа, почитувана титула која им е дадена на Кралските Критски градови. Во 1100 п.н.е., Јонците дојдоа да го освојат островот и по првиот пораз, успеаја да ги победат Миноанците, ја уништија нивната цивилизација и станаа владетели на островот. Трагите на поранешната цивилизација можат да се видат во Микенскиот Акропол во близина на Колимбитрис. Во 1000 п.н.е., Парос беше преземен од страна на Аркадијаните. Во 8 век п.н.е. беше просперитетен период за историјата на Парос, бидејќи островот станува поморска сила и создаде колонија на островот Тасос, богат со метални наслаги. Освен економскиот развој, имаше и културен процут, вклучувајќи изградба на многу храмови, како храм посветен на божицата Атена и центарот за исцелување на Асклепион. Парос е родното место на многу древни поети, како што е лирискиот поет Архилох, кој прв во неговите песни користел лични елементи, а не херојски. Во античките времиња, Парос бил познат, низ Средоземното Море, поради својот висок полу-транспарентен мермер, пронајден во Каменоломите на Марати. Истото се користело и за изградба на многу уметнички дела и ремек-дела како што се Храмот на Аполо на Делос, Венера Милос, статуата на Хермес во Олимпија и многу други. Дел од армијата на Парос се бореше со Персијците, за време на персиските војни, и беше поразена од страна на атинската војска. Во 338 година п.н.е., островот станал под власта на Филип II Македонски и стана дел од Македонската империја. По смртта на Александар Велики, Птоломејците, наследниците на Александар ја презеле контролата над Кикладискиот остров. Некои од големите откритија од оваа ера беа древната керамичка работилница во Толос, со неговите фасинирачки уметнички дела и древните гробишта на Парикија. По падот на Римската империја, Парос станал дел од Византиската империја и нејзините жители се преобратиле во христијанството, објаснувајќи зошто во тоа време биле изградени бројни цркви, капели и манастири. Меѓу нив, најпозната е Црквата Екатонтапилиани во Парикија. Се смета за најважен Византиски споменик на Грција, се верува дека оваа црква е изградена според наредбите на Света Елена, мајка на Константин Велики. Помеѓу 1207 и 1389 година, Парос стана дел од Војводството на Егејското Море, под раководство на Венецијанецот Марко Санудо. Во 15 век, тврдината во Науса била изградена за да го заштити островот од пирати. Турското владеење ги наследи Венецијанците, до Грчката револуција од 1821 година. По Независноста, островот Парос, како и сите други Киклади, стана дел од модерната грчка држава. Голем дел од историјата на Парос сеуште се наоѓа во многу делови од островот од античко до модерно време. ПАРОС е во центарот на Кикладите. Има површина од 195 квадратни километри, крајбрежје од 119 км. и население од околу 12.800 жители. Островот е познат по квалитетот на виното, црвено и бело. Парос одамна е добро позната туристичка атракција, една од омилените острови за посетителите, заедно со Миконос, Иос и Санторини. Прекрасниот главен град Парикија, шармантното село Науса и извонредните плажи се меѓу најпопуларните негови карактеристики, кои придонесоа да биде прогласен за НАЈДОБАР и НАПОПУЛАРЕН ОСТРОВ на МЕДИТЕРАНОТ за 2018 година.

1 ДЕН (22.05.’20петок) БИТОЛА : Состанок на групата на Градската Автобуска станица во 17.00 часот. Поаѓање за Грција во 17.15 часот. Патот води преку г.п. Меџитлија, Лерин, Птолемаида, Вериа, Катерини, Ламиа...ноќно и денско патување, со кратки попатни одмори.

2 ДЕН (23.05.’20 – сабота) : ПИРЕА – ПАРОС     Пристигнување во Пиреа во раните утрински часови. Слободно време за краток одмор. Во 06.30 часот – трансфер на траект (BLUE STAR FERRIES) и поаѓање за Парос во 07.25 часот. Планирано пристигање на Парос околу 11.30 часот. Сместување во хотел. Слободно време за одмор или уживање на плажата во ...Во вечерните часови – прошетка низ ПАРИКИА главниот град на Парос, местото на светлината и шармот на островот, каде ќе имаме можност за ноќно фотографирање. Во касните вечерни часови со нашиот автобус,  враќање во хотел. Ноќевање.

3 ДЕН (24.05.’20 – недела) : ПАРОС Појадок. Слободно време, или факултативен целодневен излет – СКРИЕНАТА УБАВИНА на ПАРОС...ќе имате можност да се сретнете со историјата, традицијата и модерниот живот на островот…средба помеѓу просторот и времето на Парос! Парикија, главниот град на Парос, ќе биде нашата прва дестинација. Можете да го посетите Археолошкиот музеј во Парос, посета на пост-Византиската црква Ekatontapiliani (црква со 100 врати) една од најстарите цркви на Медитеранот – датира уште од 4.век од Новата Ера, прошетка помеѓу тесните улици на Парикија каде ќе се сретнете со сите различни архитектонски стилови, се  до замокот на Франките (Крстоносците) и терасата на античкиот храм на Атина, божицата на мудроста...за цело времетраење од околу 2 часа (колку е предвидено за посета на Парикиа) - ќе имате одлични моменти за фотографии...20 минути возење не делат до нашата втора дестинација, Науса – најживописниот дел од Парос ! Воодушевувачкото место Naoussa е прекрасно во текот на утрото и шармантно за време на зајдисонцето. Малото рибарско пристаниште со традиционалните рибарски бродови т.н. kaique (каики), создава уникатна глетка. Бело - измиените улички, од модерните времиња Ве враќаат во некоја друга ера и Ви нудат можност да се чувствувате како скапоцен пријател на островот...во втората половина од 18.век, ова пристаниште било седиште на Руската флота и трговски центар на островот...посета на црквата Св.Атанасиј (17.век), можност за посета на некој од неколкуте Византиски музеи кои поседуваат икони од 12. и 13.век...нашето патување продолжува кон Лефкес – автентично село, едно од двете планински села на островот -  400 м. над нивото на морето. Таму некој може да ја посети куќата на литературата, неокласичните згради и прекрасните мали плоштади. Црквата Agia Triada (Св.Тројство) гордо стои на највисоката точка и ги поздравува сите гости. Се упатуваме кон Marpissa - селото што се именувало по истоимената преубава нимфа...тоа е доминантно во источниот дел на островот. Се смета за еден од најубавите со бројни капели, убави урбани Кикладски куќи и фолклорен музеј каде традицијата е зачувана. Покрај тоа, тука се наоѓа и музејот на скулптурата - Николаос Перантинос, еден од најпознатите скулптори на 20. век во Грција. Се упатуваме кон местото Piso Livadi - убаво мирно рибарско пристаниште близу плажата Логарас...тоа е одлично за пауза и индивидуален ручек, каде ќе можете да уживате во специјалитетите кои Ви ги нудат локалните таверни...нашата последна станица за денес е Дриос - мирна зелена оаза, кое може е мало село, но е иновативно! Ќе најдете исклучителен мини-пазар Anousakis со ретки и внимателно избрани гурмански производи од интернационалната кујна. Локалните жители на Дриос се отворени и среќни и сакаат да ве водат околу областа. Многу локални жители призведуваат земјоделски производи и одгледуваат добиток, па лесно ќе најдете свежи локални овошја и зеленчук, вино, сума, мед, јајца и локално сирење - директно од производителите или од локалните продавници за храна. Враќање во хотелот во раните вечерни часови. Слободно време. Ноќевање.

4 ДЕН (25.05.’20 – понеделник) : ПАРОС Појадок. По појадокот - слободен ден за индивидуални активности. Ноќевање.

5 ДЕН (26.05.’20 – вторник) : ПАРОС – НАКСОС – КУФОНИСИ Појадок. По појадокот – слободно време или факултативен целодневен излет (со вклучен ручек) – крстарење со традиционален „КАИКИ“ брод, посета на јужниот и југоисточниот дел на островот Наксос, капење во кристално чистото зелено-сино море на островчето Куфониси...поаѓање од Писо Ливади во 09.30 часот. За време на пловењето – презентација на сатницата на екскурзијата со наутичка мапа и сл...по еден час – пристигнуваме во малиот залив на Агиос Состис, живописната обала на јужниот дел од Наксос со мала капела – подигната од рибар, како благодарност што овој залив му дал засолниште од големата бура...околу пладне застанување за нашето второ капење, кај пештерите на Като Куфониси...се упатуваме кон уникатните пештери на Гларониси (мало островче помеѓу Като Куфониси и Пано Куфониси) и повторно се разбира – капење...околу 14.00 часот, бродот се усидрува кај като Куфониси, за капење и ручек (Грчка салата, цаѕики, руска салата, печен леб, сувлаки, овошје и пијалок – вода, вино, узо, пиво, сок...). Околу 15.00 часот се приближуваме од морска страна кон селото Куфониси, да го погледнеме истото...последна станица за капење ќе биде кај прекрасната пештера Рина...во 16.30 поаѓање за Писо Ливади и планирано пристигнување во местото околу 18.30 часот. Враќање во хотел. Ноќевање.

6 ДЕН (27.05.’20 – среда) : ПАРОС Појадок. По појадокот - слободен ден за индивидуални активности. Ноќевање.

7 ДЕН (28.05.’20 – четврток) : ПАРОС – ДЕЛОС – МИКОНОС Појадок. По појадокот – слободно време, или факултативен целодневен излет со локален водич до Делос – еден од најинтересните археолошки локалитети во Грција, каде туристите ќе бидат изненадени од начинот на кој живееле Античките Грци...место кое посетителот ќе го однесе во античката ера (за влез во археолошкиот локалитет и музеј се плаќа дополнително на влезот од истиот)...по двочасовната посета на Делос (по 30-минутно пловење), пристигнуваме на космополитскиот Миконос, еден од најпопуларните и најпознатите острови на Кикладскиот архипелаг и воопшто во светот...3 часа се доволни да направите мноштво слики пред „Мала Венеција“ (ALEFKANTRA) – место кое за миг ќе Ве „пренесе“ во вистинската Венеција, да уживате покрај морето, пиејќи кафе и уживате во петте ветерници пред Вас, додека црквата Парапортиани ќе Ве остави без здив...прошетка низ Хора – центарот на Миконос, каде – ако имаме среќа, можеби ќе се сретнеме некоја славна личност од светскиот џет-сет, на кои Миконос им е омилена дестинација преку целата сезона...враќање на Парос во касните попладневни часови. Трансфер до хотел. Ноќевање.

8 ДЕН (29.05.’20 – петок) : ПАРОС Појадок. По појадокот - слободен ден за индивидуални активности. Ноќевање.

9 ДЕН (30.05.’20 – сабота) : ПАРОС – ПИРЕА Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот. Заминување за Парикиа, слободно време до доаѓањето на траектот. Трансфер на траект. Поаѓање за Пиреа. Пристигнување во Пиреа околу 23.00 часот. Поаѓање за Македонија...ноќно и денско патување, со кратки попатни паузи.

10 ДЕН (31.05.’20 – недела) БИТОЛА Пристигнување во Битола во утринските часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 18.540,00 ден. (299 €);

                                               17.240,00 ден. (279 ); FIRST MINUTE ЦЕНА (за УПЛАТИ до 01.04.2020 !!!)

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА : Автобуски превоз на горенаведената релација,  7 Н/П (ноќевање со појадок) во хотел со 3* на Парос, трансфер со брод на релација Пиреа-Парос-Пиреа, трансфер со автобус од пристаниште во Парос – хотел - пристаниште, организација, водство и реализација на аранжманот.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА : Факултативните излети и посети, влезниците при посета на културно-историските споменици, патничкото осигурување (210,00 денари по лице). ЦЕНИ ЗА ФАКУЛТАТИВАТА : Целодневен излет низ Парос – 35 € по лице (3.ДЕН - автобус+локален водич – минимум 30 лица) – препорака!, крстарењето со брод – (5. ДЕН - Наксос – Куфониси – Гларониси со ручек) – 90 € по лице (минимум 30 лица) - препорака!, крстарењето со брод (7. ДЕН - Делос – Миконос, трансфер + брод + локален водич) – 75 € по лице (минимум 30 лица) препорака!

НАПОМЕНА : За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.

ПОСЛЕДЕН РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ : 01.05.2020 !!!


назад до:"24ти МАЈ"

Новости

12.05.2017

НАЈУБАВИ ПЛАЖИ НА СИТОНИЈА


Топ 10 најубави плажи на Ситонија, вториот крак на Халкидики, кои ќе ви станат едни од омилените.

повеќе

05.11.2016

КАКО ПАТУВАЊАТА НЕ ПРАВАТ ПОДОБРИ ЛИЧНОСТИ ?


Патувањата секој ги доживува на различен начин, но со сигурност на сите ни влијаат и повеќе од одлично.

повеќе

12.05.2016

10 дена на море прават чудо за вашето тело и душа


Што точно ви носи летувањето на море?

повеќе