Почетна

назад до:"Почетна"

ТУРСКА РИВИЕРА - КУШАДАСИ, МАРМАРИС, САРИМСАКЛИ 08.09.-17.09.2021


Неповторливо доживување на Tурската ривиера


Кушадаси -Памук Кале-Мармарис-Островот на Клеопатра-Островот на желките-Реката Даљан-Саримсакли- Островот Џунда-Ѓаволската трпеза

 Комплетна програма со 7 ноќевања без никакви доплати:

5 полупансиони + 3 ручеци + 2 All Inclusive

 

 

Многу изненадувања ќе открие ова патување! Егејското и Средоземното Море ќе Ве милуваат со својата медитеранска клима... Ќе зачекорите на памучните карпи на Памук Кале, ќе уживате во раскошниот колорит низ улиците на Кушадаси... Приморскиот град Мармарис, некогашното заспано рибарско село ќе Ви посака добредојде на Медитеранскиот Брег... Ќе се восхитувате на неверојатната убавина на островот Седир каде илјадници години порано египетската кралица Клеопатра и римскиот војсководец Марко Антониј поминале среќни моменти од нивната љубов ... Ако имаме среќа ќе ги видиме огромните желки кои доаѓаат да ги положат своите јајца на песочната плажа кај реката Даљан, од таму ќе се упатиме кон калните бањи да го почувствуваме нивниоит благодет... Попатно ќе ги видиме ликијските кралски гробници издлабени високо во карпите... И на крај, ќе го испиеме кафето на островот Џунда и од Ѓаволската трпеза ќе уживаме во прекрасниот залез на сонцето!

 

 

 Прв ден: 08.09.2021 (среда) - Кавадарци-Скопје-Едрене-Чанак Кале

 

12.00 часот заминување на групата од Кавадарци и во 14.00 часот од Скопје кон Турција. Ноќно возење преку Република Бугарија со попатни застанувања и одмори. Во утринските часови пристигнување во Галиполе и преминување на Дарданелите со фериброд. Пристигнување во Азискиот дел на Турција, во Чанак Кале.

 

 Втор ден: 09.09.2021 (четврток) - Чанак Кале-Кушадаси

 

Краток одмор од патувањето и панорамско разгледување на Чанак Кале со фото пауза пред макетата на коњот користен во текот на снимањето на филмот Троја. Продолжување на патувањето покрај планината Ида и Бергамо кон Кушадаси. Во попладневните часови пристигнување во Кушадаси. Сместување во хотелот Dabaklar“ 4****во центарот на градот (http://www.dabaklarhotel.com/). Слободно време за одмор од патувањето и за индивидуални активности. Вечера. Ноќевање.

 

 Трет ден: 10.09.2021 (петок) Кушадаси-Памук Кале

 

 

Појадок. Одјавување од хотелот и заминување на групата кон Памук Кале. Организирана посета на единствениот природен феномен во светот - Памук Кале и изворот на Клеопатра, а потоа слободно време за организиран ручек. Сместување на групата во „Herakles“ 3 *** во селото Karahayit, првиот термален хотел во Памук Кале лиценциран од Министерството за здравство на Турција (http://www.heraklestermal.com.tr/). Хотелот располага со надворешен базен и со спа центар во кој внатрешниот базен има лековита термална вода, а во бањата во секоја хотелска соба има минерална вода. Слободно време за одмор и релаксација. Вечера. Можност да прошетате во центарот на селото и да го почувствувате автентичниот турски амбиент. Ноќевање.

 

Четврти ден:11.09.2021 (сабота) - Памук Кале-Мармарис

 

Појадок. Одјавување од хотелот и заминување на групата кон преубавиот Мармарис, градот распослан на местото каде се спојуваат Егејското и Средоземното Море, едно од најпознатите турски летувалишта. По пристигнувањето следи панорамски разглед на градот, а потоа сместување на групата во хотелот „Blue Bay Platinum 5***** (http://www.bluebayplatinum.com/)Слободно попладне за индивидуални активности и за уживање во хотелскиот комплекс кој се наоѓа во непосредна близина на морскиот брег. Вечера. Ноќевање.

 

 Петти ден: 12.09.2021 (недела) Мармарис-Островот на Клеопатра

 

Појадок. Заминуваме на целодневна организирана посета на островот Седир, познат како островот на Клеопатра, рајско парче на земјата заштитено од Министерството за култура на Турција како национално богатство. Легендата вели дека сакајќи со уникатен венчален подарок да ја израдува Клеопатра откако се согласила да се омажи за него, римскиот војсководец Марко Антониј наредил на островот да бидат донесени 60 бродови песок од Египет. Овој уникатен песок постои само на две места во светот и има интересни карактеристики: песокот гори на оган, во минерална вода се зголемува и се движи доколку се набљудува под лупа. Слободно време за уживање во прекрасната морска вода во заливот во кој пред илјадници години се бањала египетската кралица Клеопатра. Организиран ручек на бродот кој за време на пловидбата застанува на најубавите заливи на Мармарис за пливање и фотографирање. Во попладневните часови враќање назад во Мармарис. Вечера во хотелот. Ноќевање.

 

Шести ден: 13.09.2021 (понеделник) - Мармарис-Островот на желките-реката Даљан

 

Појадок. По појадокот заминување на групата кон градот Даљан од каде ја започнуваме нашата авантура по истоимената река. Слободно време за плажа на Островот на желките каде секоја пролет големите желки доаѓаат и ги закопуваат јајцата во песокот на местото каде последниот дел од реката Даљан се влива во морето. По организираниот ручек, ова необично патување го продолжуваме со пловидба со чамци по реката Даљан до калните бањи кои, според потврдените податоци по квалитет се веднаш после калните бањи во Индонезија. Се верува дека калта е лековита и поволно делува кај луѓето кои имаат проблем со ревматизам, лумбаго и кожни болести. Посебно доживување на ова крстарење еглетката кон остатоците од античкото археолошко наоѓалиште Kaunos, како и ликијските кралски гробници од IV-II век пред нашата ера во хелинистички стил, издлабени високо во околните карпи. Во попладневните часови враќање во Мармарис и во хотелот, побогати со уште едно ново возбудливо доживување. Вечера. Ноќевање.

 

 Седми ден: 14.09.2021 (вторник) - Мармарис-Саримсакли

 

Појадок. Одјавување од хотелот и заминување кон Саримсакли, приморски град на самиот брег на Егејското Море. Она што е посебно карактеристично за ова туристичко место се исклучително добрите климатски услови - по препорака на Светската Здравствена Организација градот се наоѓа на првото место во Европа и второ во светот по лечење на дишните органи кај децата и возрасните. Со само 0,5 % влажност во воздухот, Саримсакли припаѓа на таканаречените воздушни бањи. Сместување во „Musho hotel“ 4**** (https://www.mushootel.com/) на самиот морски брег. Вечера. Ноќевање.

 

 Осми ден: 15.09.2021 (среда)- Саримсакли-Островот Џунда-Ѓаволска трпеза

 

Појадок. Слободен ден за уживање во содржините на хотелот (услугата во овој хотел е на принцип се` вклучено- All Inclusive). Во попладневните часови заминуваме на организирана посета на островот Џунда кој од 1963 година е поврзан со градот и е претворен во полуостров. Потоа се упатуваме кон пределот наречен Ѓаволска трпеза, од чиј врв се простира прекрасна панорама на целиот залив, градот, околните острови, шуми... Од тука ќе уживаме во прекрасниот залез на сонцето кој многумина го сметаат за најубав на светот. Во вечерните часови враќање во хотелот. Вечера. Ноќевање.

 

 Девети ден: 16.09.2021 (четврток)- Саримсакли-Ајвалик-Чанак Кале-Скопје-Кавадарци

 

Појадок. Слободно претпладне за плажа и индивидуални прошетки. Ручек. Во договореното време се одјавуваме од хотелот и заминуваме кон Ајвалик, градот што го карактеризираат мали медитерански тесни улици со живописни ресторани и дуќани. Немојте да се изненадите доколку низ улиците слушнете како се зборува на грчки јазик; градот со години бил под влијание и на Грција и на Турција, за конечно во 1922 година да и` припадне на Турција. Слободно време за индивидуални прошетки. Во попладневните часови заминување кон Македонија преку протокот ДарданелиНоќно возење преку Република Бугарија со попатни застанувања и одмори. Пристигнување во Македонија во пладневните часови во петок, на 17. септември.

 

 ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ.........450 евра (27.900 денари)

(плаќање во денарска противвредност)

 

 

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

  

- Превоз со туристички автобус на наведената релација

- Билети за траект на Чанак Кале

- Пет полупансиони (ноќевање, појадок и вечера-шведска маса) во хотели во Кушадаси, Памук Кале и Мармарис и два ALL Inclusive во хотел во Саримсакли

 - Организирана посета на Памук Кале со вклучена влезница и ручек

- Целодневен излет со брод до островот на Клеопатра со вклучен ручек на бродот

 - Крстарење со чамципо реката Даљан со вклучен ручек

 - Организирана посета на островот Џунда и Ѓаволската трпеза

 - Лиценциран локален туристички водич за сите излети вклучени во програмата

 - Организација на аранжманот и лиценциран придружник на патувањето

 

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  

- Доплата за еднокреветна соба - 150 евра

- Патничко осигурување

 

 Услови за деца: До 4 години бесплатно. За деца од 4-12 години (во придружба на две возрасни лица) се плаќа 70 % од аранжманот

 

НАПОМЕНА:

 Патувањето е транзит преку Република Бугарија (доколку се создадат услови, можно е транзит патувањето да се организира преку Република Грција )

 

За реализација на патувањето потребни се минимум 35 патници

 

Последен рок за пријавување: 25. август 2021 година


назад до:"Почетна"

Новости

12.05.2017

НАЈУБАВИ ПЛАЖИ НА СИТОНИЈА


Топ 10 најубави плажи на Ситонија, вториот крак на Халкидики, кои ќе ви станат едни од омилените.

повеќе

05.11.2016

КАКО ПАТУВАЊАТА НЕ ПРАВАТ ПОДОБРИ ЛИЧНОСТИ ?


Патувањата секој ги доживува на различен начин, но со сигурност на сите ни влијаат и повеќе од одлично.

повеќе

12.05.2016

10 дена на море прават чудо за вашето тело и душа


Што точно ви носи летувањето на море?

повеќе