ПАТУВАЊА ВО ФЕВРУАРИ

назад до:"ПАТУВАЊА ВО ФЕВРУАРИ"

САРАЕВО


ПРВ ДЕН- Битола– Сараево 
Авантурата започнува на паркингот пред Спортска сала  во 18:00 часот. По сместувањето во автобус, групата се упатува кон Босна и Херцеговина. Патувањето е во текот на ноќта, со попатни застанувања. 

ВТОР ДЕН- Сараево 
По возењето низ прекрасните балкански рејлефи, автобусот пристигнува во градот со длабока историја. Градот кој е жив сведок за многу империи коишто војувале на Балканот. Пристигнувањето во хотелот е предвидено во утринските часови. Патниците добиваат време за одмор предводено со топло босанско кафе, чај или благо. Сместувањето е во хотел со 3*. Влегување во собите е предвидено по 14:00 часот, а во меѓувреме, патниците може да ја променат гардеробата во просториите на хотелот, кадешто воедно се оставаат куферите.По кратка пауза се упатуваме на разглед во Сараево со локален водич. По разгледот групата ќе има слободно време за индивидуални прошетки. Во Сараево би се задржале околу 4-5часа. Во вечерните часови се враќа групата во хотел. Ноќевање

TРЕТ ДЕН- Посета на бункерот на Тито – Јабланица – Мостар – Сараево
По појадокот во хотел групата се упатува на целодневна екскурзија. Првото место за посета е бункерот на Јосип Броз Тито во местото Коњич со локален водич познат Атомска воена команда, се до пред неколку  години кога беше  официјално отворен за јавноста . Во Јабланица ќе го посетиме музејот  “ Bitkaza Ranjenike na Neretvi “.Од Јабланица продолжуваме кон Мостар. Во Мостар групата го разгледува градот со локален туристички водич. Се посетуваат стариот мост, улицата Кујунџи на која се наоѓаатт занаетчиските дуќани, Отоманските резиденции од XVI-XIX век итн. По целосно исцрпување на градот, следува слободно време за ручек во прекрасните традиционални кафеани каде што може да се најдат најдобрите босански кебапи. Враќање во хотел. Пауза од 2 часа и заминување на факултативна ноќна прошетка во Сараево со посета на најстарата пивница. Во Сараево слободно време до 12:00ч а пoтоа враќање во хотел. Ноќевање

ЧЕТВРТ ДЕН- Сараево- Босанските пирамиди -Тунелот на надежта – Вишеград 
По појадокот во хотел, факултативна посета на археолшкиот локалитет БОСАНСКИ ПИРАМИДИ - посета на Пирамидата на Сонцето , тУНЕЛОТ Равне со локални водичи. Враќање во Сараево , одјавување околу пладне и посета на  Тунелот на надежта, тунел ископан за време на бомбардирањето и опсадата на Сараево од српските трупи. Целта на тунелот била да се донесат резерви на храна, лекови други потребни средства , како и луѓето да може да се движат.Патниците кои немаат уплатено за посета на тунелот на надежта остануват во хотел а на враќање од тунелот на надежта се зимаат патниците од хотел и се продолжува кон Вишеград. Групата го посетува симболот на градот а тоа е познатиот мост кој е изграден од Мехмед Паша Соколовиќ,а кој е под заштита на UNESCO и опишан во романот на Иво Андриќ „Мостот на Дрина“. Слободно време за ручек, крстарење на Дрина (факултатива) или посета на Каменград.
Поаѓање кон Македонија. Ноќно возење и пристигнување во Македонија во раните утрински часови на

Промо цена 79 евра по лице до 10.02.2020
Редовна цена на аранжманот: 89 eвра


Во цената на аранжманот е вклучено:
– Автобуски превоз
– 2 ноќевања во хотелско сместување со 3* со појадок

– Организиран трансфер од Охрид, Струга, Ресен, Прилеп - доплата 300 ден.
– Разглед на Сараево со локален водич
– Пратител од агенција
– Посета на Вишеград со посета на Андричград ( Градот на Иво Андриќ )


Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Босанскиот пакет – 45 евра по лице ( Се плаќа во автобус а се резервира во агенција )
Резервацијата се прави во агенција од причина што е потребна бројка за пред. Резервацација за посета во локалитетите.
Во Босанскиот пакет влегува (Посета на бункерот на Тито во местото Коњич со локален водич, посета на Јабланица со вклучена влезница во музејот, посета на Мостар и разглед на градот со локален водил и посета на тунелот на надежта со локален водич)
- Босански пирамиди  - 25 евра (посета на Пирамидата на Сонцето, Тунелите равне - превоз и влезници ) 
– Задолжителна доплата од 2е по лице за туристичка такса ( Се плаќа во автобус )
– Крстарење по Дрина во Вишеград –5 евра
– Ноќна посета на Сараево со посета на најстарата пивница- 5е ( Се плаќа во автобус )
– Посета на ресторан- 20 евра / (Доколку има интерес )


Напомена: За патување во Босна и Херцеговина, потребни ви се лична карта или пасош


назад до:"ПАТУВАЊА ВО ФЕВРУАРИ"

Новости

12.05.2017

НАЈУБАВИ ПЛАЖИ НА СИТОНИЈА


Топ 10 најубави плажи на Ситонија, вториот крак на Халкидики, кои ќе ви станат едни од омилените.

повеќе

05.11.2016

КАКО ПАТУВАЊАТА НЕ ПРАВАТ ПОДОБРИ ЛИЧНОСТИ ?


Патувањата секој ги доживува на различен начин, но со сигурност на сите ни влијаат и повеќе од одлично.

повеќе

12.05.2016

10 дена на море прават чудо за вашето тело и душа


Што точно ви носи летувањето на море?

повеќе