Почетна

назад до:"Почетна"

КОЛМАР - ПАРИЗ - ЛОАРА - СТРАЗБУРГ - 24ти МАЈ



24.05.19 Поаѓање во 08 ч. од Прилеп со туристички автобус преку Србија, Хрватска,Словенија и Австрија , денско и ноќно возење со попатни одмори. 

25.05.19 Во утринските часови пристигнување во Бањскиот центар Баден - Баден, познат од Римско време со 14 извори, во подножјето на Шварцвалд. Прошетка низ центарот на градот каде ќе се видат: раскошни палати и вили, Казиното од 1748 г., Операта, Термите Каракала. Поаѓање за Стразбург каде ќе се посети Европската четврт: Европскиот парламент, Судот за човекови права, Советот на Европа, вилата на Жозефина - љубовница на Наполеон, сместување во хотел. Попладнето разглед на Стразбург и тоа: Камерзел - куќата од дрво, Катедралата Нотр Дам, квартот Мала Франција, црквата св. Тома, Операта, плоштадите Клебер, Гутенберг... Слободно време во центарот на градот. Ноќевање.                             

26.05.19 Појадок. Поаѓање за Париз, пристигнување во попладневните часови, разгледување на Париз со локален водич: Триумфалната порта, плоштадите Конкорд, Бастиља, Трокадеро, катедралата Нотр Дам, улицата Шанзелизе, Монмартр – улицата на уметниците, црквата Сакр Кер и квартот Пигале каде се најдува кабарето Мулен Руж. Вечерта сместување во хотел. Ноќевање.                                                            

27.05.19 Појадок. Ден за факултативни посети на: Ајфеловата кула, крстарење по Сена, посета на најпознатиот музеј од средниот век Лувр и луна паркот Дизниленд до вечерните часови. Ноќевање.

28.05.19 Појадок.Посета на Кралскиот Дворец Версај со локален водич, па поаѓање према раскошните дворци на Лоара под заштита на УНЕСКО, при што некои ќе се видат само панорамски а некои ќе се посетат со влез. Попатно посета на средновековното градче Блоа како и посета на Кралскиот Дворец Амбуаз. Сместување во хотел во Амбуаз средновековно градче на реката Лоара. Ноќевање.

29.05.19 Појадок.Посета на дворецот Усе-со високи кули, кровни прозорци, елегантни оџаци; посета на дворецот Виландри со прекрасни градини и паркови; посета на величествениот екстравагантен и нај- голем дворец во Лоара Шамборд од 16-ти век. Поаѓање за Колмар, сместување во хотел. Ноќевање.

30.05.19 Појадок. Разгледување на Колмар, градче со многу фонтани, канали, плоштади, дрвени градби, градби во готски стил, цркви: Доминиканската и црквата св. Мартин, музејот на Фредерик Бартхолд - дизајнерот на Кипот на слободата во Њујорк... Поаѓање за Риквир - едно од најбајковитите места на светот кое годишно го посетуваат милион туристи, кое плени со својата убавина. Поаѓање за Македонија преку Германија, Австрија, Словенија, Хрватска и Србија, ноќно возење со попатни паузи.          

31.05.19 Пристигнување во Македонија во попладневните часови. 

Цена: 22900 денари

 

Во цената се пресметани следните услуги:        

- автобуски превоз на дадената релација

- 1 ноќевања со појадок во хотел  MERCURE STRASBOURG CENTRE со 4* - Стразбург

- 2 ноќевања со појадок во хотел IBIS Orly Chevilly Tram 7  со 3* - Париз

- 1 ноќевања со појадок во хотел Hotel Ibis Amboise со 3* во Амбуaз

- 1 ноќевања со појадок во хотел Comfort Hotel Expo Colmar со 3* - Колмар

-  разгледување на Париз со локален водич,

-  посета на: Баден Баден,Стразбург, Колмар и дворците на Лоара

-  лиценциран придружник на екскурзијата

Во цената не се пресметани следните услуги:

- задолжително патничко здравстевно осигурување без франшиза (350 ден)(годишно 650 ден.-30дена)  

- посета на дворецот Версај:водич + превоз + влезница = 30 €, минимум 10 патници(резервација во агенција)

- посета на дворците на Лоара: Амбуаз-комплет,Усе-комплет,Виландри-само градините и Шамбор-комплет  Комплет за сите=45€(резервација во агенција)(доплата за слушалки + по 4 € по дворец).

- Ајфеловата кула – влезница со лифт 2 спрат - 20 €

- крстарење по Сена 15 еур-Лувр - 20 €

- Мулен руж – 99 -120 еур € во зависност од седиштата и услугата

- Дизниленд 1 парк – влезница - 79 €, со вклучен превоз за минимум 10 пријавени лица

- влезници за културно историските споменици

Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување.

Напомена: Рок на пријавување до 22.04.2019 година.


назад до:"Почетна"

Новости

12.05.2017

НАЈУБАВИ ПЛАЖИ НА СИТОНИЈА


Топ 10 најубави плажи на Ситонија, вториот крак на Халкидики, кои ќе ви станат едни од омилените.

повеќе

05.11.2016

КАКО ПАТУВАЊАТА НЕ ПРАВАТ ПОДОБРИ ЛИЧНОСТИ ?


Патувањата секој ги доживува на различен начин, но со сигурност на сите ни влијаат и повеќе од одлично.

повеќе

12.05.2016

10 дена на море прават чудо за вашето тело и душа


Што точно ви носи летувањето на море?

повеќе