Почетна

назад до:"Почетна"

НАФПЛИО & ПАТРА КАРНЕВАЛ ЗА ПРОЧКА


НАФПЛИО  &  ПАТРА КАРНЕВАЛ

1 ден 14.03.2024 БИТОЛА - НАФПЛИО

Поаѓање од Битола во 4.45 часот. После граничните формалности патувањето го продолжуваме према НАФПЛИО - Пелопонез со попатни паузи. Пристигнуваме во НАФПЛИО во пладневните часови. Се сместуваме во хотел во центарот на градот. Слободно време за прошетка и разглед на градот. НАФПЛИО е крајбрежен град сместен на Пелопонез основан во антиката, седиште на округот Арголида и е важна туристичка дестинација.  

  Ноќевање

2 ден 15.03.2024    НАФПЛИО - ЕПИДАДАУРУС - НАФПЛИО

Појадок. По појадокот поаѓање према Епидаурус  - родното место на Асклепиус бог - лечител од митологијата, а името го добива според херојот Епидаурус ,  син на Аполо.  Тука се наоѓа најубавиот Антички театар со најубава акустика. Слободно време за индивидуален разглед на местото каде што можи да се посети и  музејот каде се изложени медицинските инструменти кои биле користени во тој период. После тоа поаѓање за НАФПЛИО каде  ќе ја посетиме тврдината ПАЛАМИДИ - која е сместена на рид висок 216 м. од каде има импресивен поглед на Арголскиот Залив и  градот НАФПЛИО.  Оваа тврдина била  изградена од Венецијанците и има над 1000  скалила до врвот на тврдината. После тоа се враќаме во хотелот. Слободно време за индивидуални активности.     

 Ноќевање

3 ден 16.03.2024  НАФПЛИО - ХИДРА - СПЕЦЕС - НАФПЛИО

Појадок. По појадокот ФАКУЛТАТИВЕН ИЗЛЕТ - посета на два острови ХИДРА и СПЕЦЕС.

ХИДРА - остров чувар на минатото, остров на кој нема бука ,автомобили, такси, има спокој, бои, прекрасни мали хотели со градини, уметнички колонии , околу 300 цркви и манастири, опкружен со кристално чисто и чудесно плаво море .

 СПЕЦЕС е еден од Саронските острови во Егејското море. Со неколку соседни островчиња и хриди сочинува посебна општина во рамки на округот Острови на Периферијата на Атика. Тоа е остров на гламур и стил, остров на ароматични билки.

Во вечерните часови се враќаме во Нафплион.

 Ноќевање

4 ден 17.03.2024  НАФПЛИО - ПАТРА - МК

Појадок. По појадокот се одјавуваме од хотелот и се упатуваме кон Патра - каде ќе го проследиме најголемиот настан од својот вид во цела Грција. Карневалот за Прочка  во Патра се одржува повеќе од 180 години. Патувајќи према Патра ќе поминеме низ висечкиот мост РИО - АНДИРИО кој го премостува Коринтскиот Залив во близина на Патра и го поврзува градот РИО на Пелопонез со градот АНДИРИО на грчкото копно. Пристигнување во Патра каде ќе имаме можност да бидиме дел од таа карневалска магија и забава. Слободно време за прошетка, ручек. Во попладневните часови поаѓаме према Македонија со попатни паузи. Пристигнување во доцните вечерни часови.

Крај на програмата

ЦЕНА: 230 еур

 

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:

- Патување со високо туристички автобус

- за време на целото патување користење на wi-fi

- 3 Ноќевања со појадок во хотел со 3*

- Разглед на Нафплион, тврдината Паламиди и Епидаурус,

- посета на Патра 

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

- туристичка такса -

- влезница за Епидаурус на лице место - околу 6 еур

- целодневен факултативен излет со брод  до островите: ХИДРА И СПЕЦЕС -   еур

НАПОМЕНА

Калкулацијата е правена на минимум 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.

- За изведување на аранжманот е потребен потенцираниот минимум патници. Во спротивно организаторот има право да ја зголеми цената, или во краен случај да откажи.

- Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
-  Патниците се должни во секое време да внимаваат на својата и безбедноста на сите во групата, како и да ги почитуваат дадените насоки и препораки од страна на организаторот.


назад до:"Почетна"

Новости

12.05.2017

НАЈУБАВИ ПЛАЖИ НА СИТОНИЈА


Топ 10 најубави плажи на Ситонија, вториот крак на Халкидики, кои ќе ви станат едни од омилените.

повеќе

05.11.2016

КАКО ПАТУВАЊАТА НЕ ПРАВАТ ПОДОБРИ ЛИЧНОСТИ ?


Патувањата секој ги доживува на различен начин, но со сигурност на сите ни влијаат и повеќе од одлично.

повеќе

12.05.2016

10 дена на море прават чудо за вашето тело и душа


Што точно ви носи летувањето на море?

повеќе