ПАТУВАЊА ВО ФЕВРУАРИ

назад до:"ПАТУВАЊА ВО ФЕВРУАРИ"

ХЕРЦЕГ НОВИ - ФЕСТИВАЛ НА МИМОЗИТЕ


БЕСПЛАТЕН КОНЦЕРТ НА ЛЕПА БРЕНА!

 

 

„Ако си човек-биди љубов, ако си цвет-биди мимоза“ рекол познатиот француски романсиер Виктор Иго. Што е тоа толку волшебно и опојно во овој цвет кон кој никој никогаш не останал рамнодушен?

Ќе дознаете овде, во Херцег Нови, во градот чиј заштитен знак е токму овој егзотичен цвет... Мимозата е асоцијација на градот, традиција, имиџ и стил на живот, исто како што се и Херцегновските Мажоретки  заедно со градската музика... Заради овој цвет процветале многу љубови во Херцег Нови... дајте и шанса и на Вашата!

 „Мимоза за добрите стари времиња“ е  мотото на 51-от фестивал на чие свечено отварање повторно Ве водиме!

 

 

Прв ден: 13.02.2020 (четврток)

 

21:00 часот заминување на групата од  Кавадарци и во 23:00 часот од Скопје (пред туристичките агенции) кон  Црна Гора со туристички автобус. Ноќно патување преку Косово и Албанија со попатни паузи за одмор.

 

 

Втор ден: 14.02.2020 (петок)

 

Пристигнување во Херцег Нови во претпладневните часови. Организиран разглед со локален туристички водич. Градот кој е основан пред 600 години уште го нарекуваат и градот на сонцето заради најголемиот број сончеви денови на Јадранот, но и градот на цвеќето-тука вегетираат 250 различни видови растенија кои потекнуваат од сите континенти, а со децении ги носеле печалбарите, па така целиот град претставува една огромна ботаничка градина. Тесни улички, калдрамисани шеталишта, многубројни скали и тврдини од кои се гледа целиот Бокакоторски Залив...сето тоа му дава извесна доза на шарм и елеганција со што овој град се издвојува од сите други на црногорското приморје. Освен за време на летната туристичка сезона, Херцег Нови е особено атрактивен во февруари, кога цветаат мимозите во чија чест се организира најзначајната фестивалска манифестација зачинета со вкусна храна и  забава. По разгледот заминуваме кон Игало, едно од осумте  туристички места низ кои се простира Херцегновската ривиера кое се смета за единствена градска целина со Херцег Нови. Сместување во хотел „Palmon Bay Hotel&Spa“4+**** (https://www.palmonbayspa.com). Слободно време за одмор од патувањето и уживање во содржините на хотелот кој располага со внатрешен базен и  Wellness и Spa центар. Хотелот е препознатлив по базенот со лековита минерална вода која  го враќа балансот на  природните минерали и соли во телото.  Во вечерните часови присуствуваме на свеченото отварање на 51-от фестивал на жолтото цвеќе - мимозите со концерт на отворено на големата музичка ѕвезда Лепа Брена. Враќање во хотелот. Ноќевање.

 

 

Трет ден: 15.02.2020 (сабота)

 

Појадок. Ден за учество во традиционалната улична забава посветена на мимозите. Во претпладневните часови организирано заминување кон Баошиќи, местото каде се одржува централната манифестација по повод отварањето на Фестивалот на мимозите (според официјални информации од општина Херцег Нови, минатата година на традиционалната Фешта од мимози, риба и вино присуствуваа меѓу 15.000 и 20.000 гости). Долж целата херцегновска ривиера од Кумбор преку Џеновиќ до Баошиќ организаторите на оваа манифестација на сите гости бесплатно им делат пржена риба и вино, а низ улиците дефилираат мажоретки во придружба на Градскиот оркестар кои ги даруваат гостите со цвеќето кое цвета токму во февруари и и пркоси на зимата. Шарената и весела поворка  совршено се совпаѓа во жолтиот декор на градот кој мириса на опојните мимози-дури 35.000 стебла мимози се посадени на оваа ривиера. Во попладневните часови враќање во хотелот. Слободно време за користење на базенот и спа центарот, како и за индивидуални прошетки низ Игало и Херцег Нови. Ноќевање.

 

 

Четврти ден: 16.02.2020 (недела)

 

Појадок.  Слободно време за индивидуални активности и користење на базенот во хотелот. Во пладневните часови напуштање на хотелот и заминување кон Македонија. Пристигнување во доцните вечерни часови.

 

 

Промотивна цена за уплата до 15.01.2020........ 109 евра (6.760 денари)   

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ.........119 евра (7.380 денари)

(плаќање во денарска противвредност)

 

 

Напомена: Промотивната цена важи за резервација со 30% аконтација до 15. јануари

и целосна доплата до 01. февруари

 

 

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

 

- Превоз со туристички автобус на наведената релација

- Две ноќевања со појадок  во хотел „Palmon Bay Hotel&Spa“ 4+ ****  во Игало

- Користење на базенот и спа центарот во хотелот

- Организиран разглед на Херцег Нови со локален туристички водич

- Организација на патувањето и лиценциран туристички придружник

 

 

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:

 

- Доплата за еднокреветна соба – 15 евра на ден

- Туристичка такса – 1.4 евра по лице на ден (се плаќа на рецепција во хотелот)

- Патничко осигурување

 

 

 

НАПОМЕНА: За реализација на патувањето потребни се минимум 40 патници.


назад до:"ПАТУВАЊА ВО ФЕВРУАРИ"

Новости

12.05.2017

НАЈУБАВИ ПЛАЖИ НА СИТОНИЈА


Топ 10 најубави плажи на Ситонија, вториот крак на Халкидики, кои ќе ви станат едни од омилените.

повеќе

05.11.2016

КАКО ПАТУВАЊАТА НЕ ПРАВАТ ПОДОБРИ ЛИЧНОСТИ ?


Патувањата секој ги доживува на различен начин, но со сигурност на сите ни влијаат и повеќе од одлично.

повеќе

12.05.2016

10 дена на море прават чудо за вашето тело и душа


Што точно ви носи летувањето на море?

повеќе