Почетна

назад до:"Почетна"

ПОСЕТА НА МАНАСТИРОТ СВ. ВАСИЛИЈ ОСТРОШКИ 31.07. - 01.08.2021


31.07.21 Поаѓање во 00:15 ч со автобус пред Марко Цепенков, преку Албанија за Подгорица. Пристигнување во утринските часови и попатна посета на трговскиот шопинг центар Делта Сити во Подгорица. Потоа се продолжува за Острог, пристигнување и посета на Манастирот Василие Острошки, кој е сместен во карпест планински масив и е најголемо Црногорско светилиште и манастир на Балканот. Основан од Василије во 17 век и се верува дека моштите на Св. Василије Острошки се чудотворни и се наоѓаат во Горниот Манастир. Бесплатно ноќевање во Манастирот на отворено.

01.08.21 Поаѓање за Цетиње – старата престолнина на Црна Гора, со Цетинскиот манастир – симболот на Црногорската духовност, во кој се најдуваат моштите на св. Јован Крстител, палатата на Крал Никола, Плавата палата, палатите на конзулатите. По посетата на Цетиње се поаѓа кон Будва едно од најатрактивните места во Црногорското приморје, прошетка во стариот дел на Будва каде можат да се видат црквите Св. Иван, Св. Марија. Слободно време во Будва за индивидуални активности (капење). Пристигнување во Прилеп во ноќните или раните утрински часови на 02.08.21.

Цена: 1590 ден.

Во цената е вклучено:

– автобуски превоз на дадената релација

– посета на Будва, Цетиње и Острошки манастир

– организација и придружник на патувањето  

Во цената не е вклучено:

– осигурување – без франшиза (100 денари)

– ноќевање во Острошкиот манастир во соби – доплата по 5 еур по кревет на лице место

влез во Цетиње и туристичка такса на Острог – 2 евра

– автобуски превоз од Долниот до Горниот манастир Острог – повратна (2 – 3 евра)


назад до:"Почетна"

Новости

12.05.2017

НАЈУБАВИ ПЛАЖИ НА СИТОНИЈА


Топ 10 најубави плажи на Ситонија, вториот крак на Халкидики, кои ќе ви станат едни од омилените.

повеќе

05.11.2016

КАКО ПАТУВАЊАТА НЕ ПРАВАТ ПОДОБРИ ЛИЧНОСТИ ?


Патувањата секој ги доживува на различен начин, но со сигурност на сите ни влијаат и повеќе од одлично.

повеќе

12.05.2016

10 дена на море прават чудо за вашето тело и душа


Што точно ви носи летувањето на море?

повеќе