Почетна

назад до:"Почетна"

БУДИМПЕШТА - 24ти МАЈ


1 ден (23.05.2019 - четврток) - СКОПЈЕ - БУДИМПЕШТА

Состанок со групата на Дрводекор  во 18.00 часот, тргнување  во 18:30 часот. Ноќно патување преку Србија со попатни паузи за одмор и царински формалности.


2 ден (24.05.2019 - петок) – БУДИМПЕШТА
Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Потоа следува факултативен панорамски разглед на градот со професионален туристички водич: плоштадот на хероите, Парламентот, Кралската палата, Рибарската тврдина, Цитаделата, црквите Св. Стефан и Св. Матеј, улиците: Андраши, Ракоци и Ваци, мостовите на Дунав.Сместување во хотел, време за одмор. Вечерта Крстарење со брод на Дунав со вклучен пијалок шампањ или безалкохолен пијалок. Прошетка и во договорено време враќање во хотел. Ноќевање.


3 ден (25.05.2019 – сабота)-  БУДИМПЕШТА –ВИЕНА 
Појадок. После појадокот, факултативна посета на Виена. Панорамски разглед на Виена -булеварот Рингштрасе, Операта, Парламентот, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург и слободно време за индивидуални прошетки.лот Франц Јосиф) или слободно време за индивидуална прошетка низ центарот на Виена. Во попладневните часови враќање кон Будимпешта. Ноќевање.


4 ден (26.05.2019 – недела) - БУДИМПЕШТА – СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на хотелот,организиран превоз до улица Ваци (најпознатата и најубавата улица во Будимпешта) каде има можност за индивидуални прошетки.
Во 13:00 часот посета на Сент Андреа. Сент Андреа е место познато по десетиците музеи, големиот број кафулиња, како и магичната атмосфера на уличките помеѓу куќите изведени во различни стилови, преполни со продавнички за ракотворби и сувенири. Поаѓање за Скопје со попатни паузи. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови.

 

Промо цена: 99 евра/6130 денари 

 


ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
*Превоз со високотуристички автобус на дадените дестинации,
*Сместување во хотел  3***  2НП   
*Придружник од агенцијата за време на патувањето,
*Организација и реализација на аранжманот

*Бесплатен трансфер од: Битола, Прилеп, Кавадарци(црна река),Велес и Куманово.

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

*Разглед на Будимпешта со локален водич - 10 евра
*Крстарење со брод по Дунав - 15 евра
*Посета на Виена -25 евра
*Посета на Сент Андреа -10 евра

*Патничко осигурување-300 денари

СПЕЦИЈАЛЕН ПАКЕТ- со сите вклучени факултативи (разглед на Будимпешта,посета на Виена, посета на Сент Андреа и крстарење со брод) – 50 евра по лице (со резервација во агенција)


назад до:"Почетна"

Новости

12.05.2017

НАЈУБАВИ ПЛАЖИ НА СИТОНИЈА


Топ 10 најубави плажи на Ситонија, вториот крак на Халкидики, кои ќе ви станат едни од омилените.

повеќе

05.11.2016

КАКО ПАТУВАЊАТА НЕ ПРАВАТ ПОДОБРИ ЛИЧНОСТИ ?


Патувањата секој ги доживува на различен начин, но со сигурност на сите ни влијаат и повеќе од одлично.

повеќе

12.05.2016

10 дена на море прават чудо за вашето тело и душа


Што точно ви носи летувањето на море?

повеќе