Почетна

назад до:"Почетна"

ЗАНЗИБАР АВAНТУРА 2022 / авион


Одиме на Занзибар, Hakuna Matata! 

На оваа програма, првите денови се сместуваме во Stone Town - главниот град на Занзибар. Не се секирајте, не ве носиме во главен град да се шетате по улици по цел ден. Тука се сместуваме прво поради тоа што Stone Town е фасцинантен сам по себе и тука можете да ја видите “Африка како на discovery", а градот е и совршено позициониран на островот, па е блиску до сите најважни работи кои факултативно не смееме да ги пропуштиме. Деновите ни се секако исполнети со многу плажирање, на различни плажи, песочни дини и пусти острови. Од Stone Town одиме на Накупенда - пуст остров (песочна дина) која од градот е одалечена само 25 минути возење со бродче. Гарантираме дека Накупенда ќе ви биде highlight на цело патување. Како на цртан филм, бел прашкаст песок, опколен со корален гребен и тиркизна лагуна - најегзотичната “плажа“ која ја имате видено во животот. Слушаме музика, пиеме пиво и комплетно се опуштаме. Од Stone Town одиме и во Паџе - центарот на Источен Занзибар, селце со десетици клубови на плажа, ресторани, добра музика и добра храна, кој на некој начин, многу луѓе ги потсетува на Тулум, Мексико. Одиме и во џунгла со зачини и на blue safari - сафари во океан, нуркање и чилање на островот Квале. Ноќите ни се исполнети со вечери и уживање во некој од стотиците одлични ресторанчиња во овој град, но и журка во некој од локалните клубови. Турата низ Stone Town е исто така нешто кое цел живот ќе го памтиме. Шарени тесни улички помеѓу камените куќи кои како лавиринт, нé водат од куќата на славниот Фреди Меркјури до локалниот пазар што гарантирано ќе биде една од најуникатните работи кои ги имате видено во животот. Хаотична атмосфера, ценкање, бука, деца, месо, зачини, свежо овошје, мирис на риба, жени кои се шетаат со садови врз глава и се останато што ќе ви падне на памет, на едно место. Жива и динамична атмосфера! Гарантираме дека после 3 дена ќе бидете комплетно заљубени во Stone Town и Занзибар!

Патувањето го продолжуваме во Кендва или Нунгви, двете најпознати и најубави места на Занзибар за чилање на плажа и полнење батерии. Доколку сте слушнале дека на Занзибар е прилично изразена плимата и осеката, да знаете дека тоа не важи за северот - Нунгви и Кендва, местата каде се сместуваме ние. Преку цел ден имаме на располагање огромна плажа со бел најситен песок, палми, кокоси и бесконечниот тиркизен Индиски океан. Десетици барчиња и клубови на плажа, добра храна, ефтино пиво и Конаги - локална ракија од шекерна трска, еден од најпознатите производи на Танзанија. Хотелите кои ги работиме се на сама плажа. Навечер, лежалките се повлекуваат, а во песок се ставаат маси и столчиња, се палат свеќи и оган и се вечера под отворено небо, додека свири Афричка музика.

Африканска приказна полна со адреналин, хедонизам и авантура! Одиме?

Во цената на аранжманот е вклучено и:
* Факултативна посета на основно училиште и тура низ Занзибарско селце!

ТЕРМИН:   07.12. - 19.12.2022   1149 еур

План и програма

Ден 1: Состанок на групата и поаѓање
Состанокот на патниците е на Mеѓународниот Aеродром во Скопје два часа пред лет. Утрински лет од Скопје за Истанбул. Пристигнување во Истанбул и конекција на лет за Занзибар во попладневните часови.

 
Ден 2: Пристигнување на Занзибар (Zanzibar) и факултативна посета на Накупенда

Пристигнување во Стоун Таун (Stone Town) во утринските часови (околу 03:00 часот наутро), по што следи трансфер до сместувањето. Во хотелот ја плаќаме и претходната ноќ, што значи дека веднаш по доаѓање во хотел, можеме да влеземе во собите. Одмараме, се освежуваме, појадуваме, па се сретнуваме со нашиот претставник и го одржуваме информативниот состанок. Нашиот претставник ни ја раскажува програмата и ни кажува технички работи кои би требале да ги знаеме на патувањето (каде да смениме пари, каде да пазариме, каде има најдобро јадење, каде и кога има добра забава итн.)

Потоа, заминуваме на нашиот прв излет, со цел да го отвориме ова патување со плажа и пливање, како што ни доликува... Одиме на Накупенда! Накупенда е песочен насип кој се наоѓа отприлика 25мин. возење со чамец од пристаништето во Stone Town. Околу 2000 метри квадратни песочен рај, опколени со корален гребен и најтиркизниот Индиски океан, без ниедно ресторанче, кафана, или било што друго на нив, како на филм... Далеку сме од масовниот туризам на Европа, далеку од гужви, нема големи бродови и илјадници туристи. Го имаме целиот остров само за нас. Дечкото кој го вози чамецот забива 4 дрвени колци во песокот и врз нив става шаторско крило за сенка. Пиеме пиво, слушаме музика и се капеме во најубавата вода што некогаш ја имате видено. 

Вечерта излегуваме во некои од локалните клубови. Пазиме колку пиеме бидејќи веќе од следниот ден ни почнува незаборавна авантура, исполнета со многу плажа, пливање и нови искуства!


Ден 3: Факултативен излет - Разгледување на Stone Town, Prison Island и Накупенда

Претпладне одиме на факултативен излет разгледување на Stone Town и истражување на најинтересните атракции – куќата во која живеел Фреди Меркјури (Freddie Mercury), мали и живи улички и плоштади, Старата тврдина, Палатата на чудата, музеи, локални пазари, звуците, боите и мирисите на Африка! Се чувствуваме како да сме дел од National Geographic документарец, а не на одмор... Името Stone Town на свахили значи: “Стар Град”. Градот се наоѓа на листата за светско културно наследство на УНЕСКО од 2000-тата година. 

По Stone Town, одиме на Prison Island, остров кој се наоѓа северно од градот, а името го добил по местото каде што некогаш се држеле заробеници и робови. Денес ова е мирно место каде ќе уживаме во пливање и дружење со џиновски желки кои се пренесени на ова место во 19-тиот век од Сејшелите. Некои желки се стари преку 100 години, а ние ќе имаме прилика да ги храниме и галиме. 

Бидејќи Накупенда, каде што бевме и претходниот ден, е “искутво“ кое мора и ќе сакате да се повтори, од Prison Island, повторно се упатуваме на оваа магична песочна дина. Овој ден, постои можност да правиме “скара“ на Накупенда и да ручаме морски плодови и највкусен органски “помфрит“. Ручекот го договараме со нашиот претставник на дестинацијата. Го чекаме зајдисонцето. На враќање, патот ни го осветлува месечината, а ние уживаме во свежиот тропски ветер. Совршен ден на Занзибар! Враќање во сместувањето.


Ден 4: Факултативен излет - Џунгла со зачини и селото Паџе

Уште еден ден посветен за запознавање со природните убавини на овој неверојатен остров. Одиме во џунглата со зачини! Занзибар во светот е познат и како островот на зачините. При колонизацијата на овој остров, Арапите, познати трговци и морепловци, носеле различни зачини од различни делови на светот. Климата на Занзибар се покажала како совршена за огромен број од нив, па денес на овој магичен остров се наоѓаат неколку џунгли или градини со зачини. Ние ќе ја посетиме најголемата градина и ќе се запознаеме со многу зачини кои Занзибарците ги користат во своите домаќинства. Ќе видиме како расте и како изгледа мускатниот орев, како се одгледува и користи циметот, ванилата, ѓумбирот, куркумата и бројни други зачини. Потоа го посетуваме селото Паџе (Paje) - традиционално Африканско место, куќи од камен, училишта, фризерници, пекари и вулканизери какви не сте виделе никогаш во животот. Паџе e центарот на Источен Занзибар, со десетици клубови на плажа, ресторани, добра музика и добра храна, која на некој начин, многу луѓе ги потсетува на Тулум, Мексико. Паџе е и едно од најпознатите места во светот за кајтсурф (kite surf). Дружење, пиење коктели, неверојатна храна, сончање и уживање. Враќање во сместувањето.

Ден 5: Факултативен излет -  Blue Safari

Денот ни започнува со нова авантура наречена Blue Safari. На овој факултативен и излет ги посетуваме најубавите плажи на островот и одиме на нуркање. Се возиме со традиционални едрилици кои се карактеристични за овој остров. Посетуваме песочни насипи кои исчезнуваат кога ќе си поиграат плимата и осеката. По факултативниот излет, трансфер до Нунгви/Кендва (Nungwi/Kendwa). Едно од најпопуларните туристички места на Занзибар бидејќи се наоѓа на најубавиот брег на овој остров. Слободен ден за уживање на плажа. 

Важна напомена: За сите патници кои нема да одат на излетот Blue Safari, ќе биде организиран индивидуален трансфер до Нунгви/Кендва, во договор со водичот.


Ден 6 : Факултативен излет: Blue Lagoon, Ресторан The Rock, Kae Funk

Релаксирачки ден, создаден за потполно уживање во океанот, коктелите и локалната храна. Започнуваме со пливање во познатата Сина Лагуна (Blue Lagoon) додека се дружиме со најразлчни шарени морски риби и морски ѕвезди. Потоа продолжуваме до ресторанот The Rock. Пристигнуваме во светски познатиот, а воедно и најпознат ресторан на Занзибар. Стара рибарска карпа, која од 2010-тата година претставува неизбежно место на кое доаѓаат сите посетители на Занзибар.  Денот го завршуваме во “најлабавиот“ и интересниот дел од целиот излет - Kae Funk. Beach Bar во кој според многу луѓе ја има највкусната храна на Занзибар, најдобрата музика и неверојатно вкусни коктели. Има огромни лежалки, места за чил и опуштање. Некаде пред зајдисонце, на самата плажа се пали оган, а во beach bar-от почнува програма, која во овој момент нема да Ви ја откриеме ;)

Ден 7: Факултативен излет : Mnemba Island Snorkeling

По појадокот, одиме на малиот Занзибарски рај! Тиркизна вода која не може да се спореди со ниедна друга на светот, снежно бел песок и бујна зелена вегетација! Островот Мнемба од неодамна е прогласен за морски резерват, корален атол опкружен со гребени и кристално чистиот Индиски океан. Претставува најпопуларно место за нуркање, со големи живописни корали, како и дом на многубројни подводни желки и делфини. Одиме во авантура на која ќе го истражуваме најинтересниот подводен свет на Занзибар. Враќање во сместувањето и слободно време. Вечерно излегување во некои од баровите во Кендва или Нунгви.

Ден 8: Посета на основно училиште и разглед на Занзибарско село ( вклучено во цената)

Овој ден одиме во посета на основно училиште на Занзибар каде ќе се запознаеме со нивниот образовен систем, ќе имаме шанса да се фотографираме со дечињата, но и да донираме работи кои секако ќе им бидат од огромно значење. Искуство кое никогаш нема да го заборавите! Потоа продолжуваме со разгледување на “селцето", па имаме слободно време да се плажираме. Ноќевање.

Ден 9-11:Слободни денови за уживање во тропскиот рај

Слободно време за уживање во магијата на тропскиот остров и неговите најубави плажи! Сончање, масажи, овошје и морски плодови. Вечерни излегување во некои од beach баровите. За оние кои се расположени за авантура, има можност за тридневен факултативен излет – сафари во националниот парк Mikumi кој се наоѓа на копнениот дел од Танзанија (Tanzania). Mikumi е четврт по големина национален парк во Танзанија (Tanzania). Одалечен е 300 километри од Дар ес Салам (Dar es Salam). Овој национален парк е природно живеалиште на многу жирафи, зебри, слонови, гнуа, леопарди, нилски коњи, хиени, крокодили и лавови.

Ден 12: Поздравување со нашиот нов омилен остров и пакување

Се будиме наутро. Појадуваме. Околку пладне, ги напуштаме собите и куферите ги оставаме на рацепција. Последниот ден имаме слободно време да се поздравиме со нашиот нов омилен остров. Ја впиваме енергијата на Занзибар, уживаме на некоја од тропските плажи, пиеме уште по некој Килиманџаро или Конаги и докупуваме сувенири. Ова е нашиот последен ден. Околу полноќ имаме трансфер за аеродром.


Ден 9: Враќање и крај на патувањето

Лет од Занзибар до Истанбул. Пристигнување во Истанбул. Преседнување на вечерниот лет за Скопје. Пристигнување во Скопје. Крај на патувањето.

 

Сите уплати се вршат исклучиво во денарска противредност по курс од 62 денари за 1 евро и тоа: при пријавување се плаќаат 150€ (9.300,00 МКД) по лице. Преостанатиот дел се плаќа најдоцна 4 недели пред поаѓање. Можност за плаќање преку трансакциска сметка (на фактура) и со платежни картички Visa, Master, Maestro.

Препорачуваме рано пријавување на патници заради ограничениот број на места. При пријавувањето потребно е да се достави скренирана прва страница од патната исправа, која е валидна за датумот на патувањето (има важност минимум 6 месеци по датумот на враќање и има доволно празни страници во текот на патувањето), во спротивно агенцијата не одговара за печатење на авио билетот со погрешни податоци.

Што е вклучено

 

Сместување

Smiles Stone Town Hotel Пример или Dhow Palace Hotel Zanzibar Пример   4 ноќи
Mocco Beach Villa Пример или Sunset Kendwa Пример   7 ноќи

 

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Скопје - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Занзибар (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Трансфер од аеродром до сместувањето
  • Трансфер од Stone Town до Kendwa/Nungwi
  • Трансфер од сместувањето до аеродром
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Занзибар – Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Скопје (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж

 

Храна

11 × Континентален појадок

 

Останато

  • Посета на основно училиште и разглед на Занзибарско село

Не е вклучено

  • Меѓународно здравствено осигурување (може да се уплати во агенцијата)
  • Индивидуални трошоци за времетраење на аранжманот
  • Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици
  • Виза за Занзибар (на граница - 50 УСД)
  • За невакцинирани или нецелосно вакцинирани патници: Задолжителен ПЦР или БРЗ АНТИГЕН ТЕСТ за влез во земјата!

                                                                                                                                                                                                                                                                                


назад до:"Почетна"

Новости

12.05.2017

НАЈУБАВИ ПЛАЖИ НА СИТОНИЈА


Топ 10 најубави плажи на Ситонија, вториот крак на Халкидики, кои ќе ви станат едни од омилените.

повеќе

05.11.2016

КАКО ПАТУВАЊАТА НЕ ПРАВАТ ПОДОБРИ ЛИЧНОСТИ ?


Патувањата секој ги доживува на различен начин, но со сигурност на сите ни влијаат и повеќе од одлично.

повеќе

12.05.2016

10 дена на море прават чудо за вашето тело и душа


Што точно ви носи летувањето на море?

повеќе