Почетна

назад до:"Почетна"

РАФТИНГ НА ТАРА - ВРЊАЧКА БАЊА,ЗЛАТИБОР, МОКРА ГОРА


01.08.2019 Поаѓање во 23:00ч. за Србија преку Табановце, ноќно возење со попатни паузи. 02.08 Пристигнување во Врњачка Бања  и прошетка низ најпопуларна Бања во Србија. Поаѓање за Златибор - најубавиот летно-зимски центар во Србија, сместување во хотел.Слободно попладне за уживање на убавините на Златибор.Вечера.Ноќевање.
03.08
.19 Појадок. Поаѓање за Мокра Гора, преку Националниот парк “Тара”, каде ќе се посети филмското село на Емир Костурица - Дрвенград - изграден за филмот “Животот е чудо”.Потоа посета на Шарганска осмица - тоа е музејско -туристичка железница со тесен колосек од 760 мм, која е направена од Австро - Унгарија од 1902 г. - 1906 г. па доизградена 1925 г. и така функционира до 1974 г. на релација Белград - Сараево – Дубровник.Тоа е една од најубавите траси во светот,каде пругата прави форма на 8 - ка, поминува низ 22 тунели и 10 мостови и вијадукти. Продолжување за Босна преку Вишеград, каде ќе се види Мостот на “Дрини Чуприја” изграден од Мехмед П. Соколовиќ ,како и "Андричев град" - повторно дело на Емир Костурица - како би требало да изгледа средновековен Вишеград. Пристигнување во Камп за рафтинг на реката Тара на граница помеѓу БиХ и Црна Гора, сместување во бунгалови,слободно попладне.Традиционална богата  вечера покрај логорски оган.Ноќевање.
04.08.19 Појадок.
Факултативно поаѓање на РАФТИНГ при што се добива рафтинг опрема, безбедносни елеци, кацига, неопренски костум и чизми, весло... Превоз со џипови до  Брештовице - почетна точка за рафтинг, од каде за неколку часа со специјални чамци се плови низ најатрактивниот дел на реката Тара, притоа освен адреналинскиот рафтинг, се посетуваат водопади, извори, се прават фото - паузи, капење... Враќање во кампот. Ручек со специјалитети од тоа поднебје (за оние кои не одат на рафтинг, можат времето да го поминат во прошетки по брегот на реката Дрина, пливање...) Заминување за Македонија...
05.08.19 Пристигнување во Прилеп во утринските часови.

ЦЕНА: 6600,оо ден.

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Превоз со туристички автобус на наведената релација
- Сместување во хотел во Златибор - 1 полупансион(појадок и вечера)
- 1 пансион во Камп со бунгалови во 1/2, 1/3, 1/4 (со заеднички санитарен јазол - твц)
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- патничко здравствено осигурување - без франшиза - 200 ден.
- рафтинг со чамци, со комплет опрема и инструктори 30 еур, деца до 14 год. - 20 еур


назад до:"Почетна"

Новости

12.05.2017

НАЈУБАВИ ПЛАЖИ НА СИТОНИЈА


Топ 10 најубави плажи на Ситонија, вториот крак на Халкидики, кои ќе ви станат едни од омилените.

повеќе

05.11.2016

КАКО ПАТУВАЊАТА НЕ ПРАВАТ ПОДОБРИ ЛИЧНОСТИ ?


Патувањата секој ги доживува на различен начин, но со сигурност на сите ни влијаат и повеќе од одлично.

повеќе

12.05.2016

10 дена на море прават чудо за вашето тело и душа


Што точно ви носи летувањето на море?

повеќе