Почетна

назад до:"Почетна"

ЕГИНА - СВ. НЕКТАРИЈ & АТИНА


 

1 ден ( 29.03.2024)          БИТОЛА – ПИРЕА

Состанок на групата и поаѓање од Битола во 20:00 часот. После граничните формалности патувањето го продолжуваме према Атина и пристаништето Пиреа , ноќно возење и попатни паузи.

2 ден ( 30.03.2024 )         ПИРЕА  - ЕГИНА

Пристигнување во Пиреа во утринските часови. Мал одмор и слободно време. Со брод продолжуваме кон островот Егина.  По пристигнувањето најпрво се упатуваме на посета на Манастирот посветен на Св. Мина. Слободно време . Потоа се упатуваме кон Манастирот Св. Нектариј. Се сместуваме во конаците на Манастирот.Слободно индивидуално време. Во договорено време се упатуваме кон главниот град на Островот. Слободно време за разглед и прошетка покрај море. Потоа се враќаме во Манастирот. Ноќевање во конаците на Манастирот.

3 ден ( 31.03.2024 ) ЕГИНА – АТИНА – МАКЕДОНИЈА

Утрото слободно време. Во претпладневните часови го напуштаме Манастирот. Се упатуваме на посета на Манастирот посветен на Св. Катерина. Потоа се упатуваме кон градот и слободно време до поаѓање со брод кон Пиреа. Патувањето го продолжуваме кон Атина, панорамски разглед на плоштадите Омониа и Синтагма. Посета на познатата улица Монастираки, шетачка зона, преполна со бутици, кафетерии и ресторани. Потоа пред  Парламентот  ќе проследиме смена на Почесната стража. Во поладневните часови поаѓање за Македонија со попатни паузи. Пристигнување во доцните вечерни часови.

Крај на програмата.

ЦЕНА: 135 еур

 

Цената вклучува:

Превоз на дадената релација со автобус и брод

Едно ноќевање во Манастирот Св. Нектариј

Попатна посета на Атина, и проштадите Омониа и Синтагма

Организација и водство на аранжманот

 

Цената не вклучува:

Патничко-здравствено осигурување

Неспоманти услуги

 

Напомена:

За ноќевањето во Манастирот треба да се носат 2 чаршафи и навлака за перница.

Пожелно е да се понеси нешто за јадење и пиење.

При посета на црквите, мастирите и верските објекти, согласно христијанските и црковните канони (начин на облекување и однесување во нив), од верниците се очекува придржување до нив. Во манастирите жените влегуваат со долго здолниште, а мажите со долги пантолони, а горната облека треба да е со ракави.


назад до:"Почетна"

Новости

12.05.2017

НАЈУБАВИ ПЛАЖИ НА СИТОНИЈА


Топ 10 најубави плажи на Ситонија, вториот крак на Халкидики, кои ќе ви станат едни од омилените.

повеќе

05.11.2016

КАКО ПАТУВАЊАТА НЕ ПРАВАТ ПОДОБРИ ЛИЧНОСТИ ?


Патувањата секој ги доживува на различен начин, но со сигурност на сите ни влијаат и повеќе од одлично.

повеќе

12.05.2016

10 дена на море прават чудо за вашето тело и душа


Што точно ви носи летувањето на море?

повеќе