Почетна

назад до:"Почетна"

ЈУЖНА ИТАЛИЈА - ВЕЛИГДЕН


25.aприл (четврток) СКОПЈЕ – ДРАЧ - БАРИ 
Состанок на групата на паркингот спроти хотелот ”Holiday Inn” во 10:30 часот. Поаѓање за Драч во 11:00 ч. Излез од Македонија преку граничниот премин Ќафасан. Патувањето е преку Албанија. Пристигнување во Драч. Слободно време до поаѓање за Бари со брод. Ноќно пловење.

26.април (петок) БАРИ –НЕАПОЛ

Пристигнување во Бари во утринските часови. Посета на базиликата Св.Никола во Бари, каде што се наоѓаат дел од  моштите на светецот Св.Никола сместени во криптата на базиликата Св.Никола од XI век. Кратка пауза и поаѓање за Нeaпол. Пристигнување во Нeапол во попладневните часови, сместување во хотел. Краток одмор. По одморот групата се упатува кон пешачки разглед на Нeaпол со водич. Разгледот започнува од портата Капуан (Kapuan) официјалниот средновековен влез на градот од каде се продолжува кон барокната црква  Pio Monte della Misericordia каде што ќе имате прилика да видиете неколку уметнички дела на познатиот виртуоз во барокното сликарство Караваџо. Посета на неаполската бароктна катедрала, потоа преку корзо умберто се стигнува до прекрасната фонтана на Нептун, кралскиот дворец, црквата Св. Фрањо и Павле... Враќање во хотел. Ноќевање.

27.април (сабота) НАПОЛИ -ПОМПЕЈА-МАТЕРА -ЛЕЧЕ

Појадок. По појадокот напуштање на хотелот, слободно време за индивидуални активности или можност за факултативна посета на Помпеја, археолошки локалитет кој ќе Ве воодушеви со спектакуларното и необично фреско сликарство. Прошетка низ улиците на античкиот град кој изгледа како да е замрзнат во времето и просторот...Посетата на Куќа на фаунот, Куќа на Ветиите, Вила на мистериите, форумот со остатоците на продавници, јавно купатило, античкиот театар... По завршување на разгледот и краток одмор поаѓање за Матера, кој е прогласен за Град на културата за 2019 година. По пристигнување во Матера, разгледот започнува со посета на видиковецот од каде ќе имате прилика да уживате во восхитувачки поглед на Сасија- стариот дел на Матера кој е наречен и градот на духовите поради многубројните напуштени пештерски куќи стари 9000 години. Овој древен град својата популарност посебно ја зголеми благодарение на култниот филм на Мел Гипсон “The Passion of the Christ”, во кој повеќето сцени во замена на Ерусалим се снимани токму во Матера. Слободно време за индивидуална прошетка на стариот дел од градот. Патувањето продолжува кон Лече. Пристигнување во вечерните часови. Сместување во хотел. Ноќевање.

28.април (недела) ЛЕЧЕ- ОСТУНИ

Појадок, По појадокот поаѓање кон историскиот центар на Лече, главен град на регионот Апулија, град кој заради своите прекрасни барокни споменици е познат под името Фиренца на југот од Италија. Посета на Триумфалната капија, палатата на владата, плоштадот Оронко, Катедралниот плоштад, Римскиот амфитеатар од II век ...слободно време за индивидуални активности. Во попладневните часови слободно време за индивидуални активности  или  факултативно - посета на градчето Остуни кој уште е наречени и „La Città Bianca“ (бел град) поради карактеристичната бела боја на фасадите од куќите во историскиот дел на центарот на градот. Скалесто изградениот град го краси готската катедрала. После краткиот разглед на градот ќе имате слободно време и можност да уживате во специфичниот амбиент на овој град. Во вечерните часови враќање во хотел. Ноќевање.

29.април (понеделник) ЛЕЧЕ- АЛБЕРОБЕЛО-ПОЛИГАНО А МАРЕ -БАРИ
 
Појадок. По појадокот поаѓање за Алберобело, град кој преставува синоним за туристичките атракции во Апулија. Најголемата атракција но ова место се неодоливите куќички со специфични шилести  кровови кој локалното население ги нарекува “трули”. Повеќе од 1030 такви куќички ќе имате прилика да  ги видите во ова бајковидно село кое е под заштита на УНЕСКО. Слободно време за уживање во специфичен амбиент. По кратка пауза поаѓање за Бари со попатна посета на приморскиот град Полгано а Маре (Polignano a Mare) По кратка пауза заминување кон Бари. Пристигнување во Бари, слободно време до периодот за поаѓање за Драч со брод. Ноќно пловење. Пристигнување во Скопје следниот ден во вечерните часови.  


Цена на аранжманот:  279 Є (17.300,00 мкд) 


ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Превоз со туристички автобус на наведената релација
- Бродски превоз повратна карта Драч-Бари-Драч (airseats)
- Сместување во хотел ***, 3 ноќевања со појадок (1BB во Наполи и 2BB во Лече)
- Разглед према програмата со локален водич
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето.

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Влезници за музеите и културно - историските споменици
- Факултативна посета на Помпеја (25€)
- Факултативна посета на Остуни (20€)
- Туристичка такса од ноќевање (се плаќа во хотелите во Италијa)
- Патничко осигурување 
- Сместување во кабина Драч-Бари-Драч  2 ноќевања (1/4 кабини) резервација во агенција

НАПОМЕНИ:
- Цената е дадена по лице за пакет аранжман во двокреветна соба
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и САВАНА


назад до:"Почетна"

Новости

12.05.2017

НАЈУБАВИ ПЛАЖИ НА СИТОНИЈА


Топ 10 најубави плажи на Ситонија, вториот крак на Халкидики, кои ќе ви станат едни од омилените.

повеќе

05.11.2016

КАКО ПАТУВАЊАТА НЕ ПРАВАТ ПОДОБРИ ЛИЧНОСТИ ?


Патувањата секој ги доживува на различен начин, но со сигурност на сите ни влијаат и повеќе од одлично.

повеќе

12.05.2016

10 дена на море прават чудо за вашето тело и душа


Што точно ви носи летувањето на море?

повеќе