ВЕЛИГДЕН

назад до:"ВЕЛИГДЕН "

САНТОРИНИ


Mонденскиот, традиционалниот, мистичен - неверојатно романтичен Санторини за време на најголемиот христијански празник Велигден е центар на светот! Имате можност да го посетите најсветото место на Санторини - Пиргос, каде на традиционален начин се прославува Христовото Воскресение. Архипелагот од вулкански острови (Киклади) се наоѓа 220 километри југоисточно од копното на Грција и со своите живописни и разнобојни карпи раскажува своја историја. Симболот на грчкиот туризам, препознатлив по куќичките од бел камен со плави покриви е еден од 10-те најромантични дестинации во светот. Опфаќа територија од околу 96 км2, должина на обала од околу 69 км.

1.ДЕН (21.04.2022 - Четврток) БИТОЛА – АТИНА (ПИРЕА) Состанок на групата на градската автобуска станица во 17:00 часот. Поаѓање за Грција во 17:15 часот... се патува преку г.п. Меџитлија со куси попатни паузи и царински формалности. Патувањето продолжува (ноќно возење) кон Атина/ Пиреа.

2.ДЕН (22.04.2022 - Петок) ПИРЕА – САНТОРИНИ Пристигнување на пристаниште Пиреа во раните утрински часови, чекирање и сместување на фери. Поаѓање од пристаниште во 07:25 часот...пловидба кон Санторини. Пристигнување на Санторини во 15.30 часот, следи трансфер од пристаниште до хотел - сместување во хотел во Камари. Време за краток одмор и релаксација. Околу 21.00 часот - следи факултативна посета на најсветото место на островот ПИРГОС каде на ВЕЛИКИ ПЕТОК се поклонуваат сите христијански верници проследено со специфичен традиционален ритуал кој го приредуваат мештаните. Целото село е осветлено со илјадници запалени свеќички од смола, кој и најсилниот ветер на овој ден не може да ги изгасне. По завршувањето на ритуалот можност за посета на црквата, разглед на ПИРГОС кој така осветлен ќе не остави без здив од преубавата глетка, слободно време за индивидуални активности. Вракање во хотел. Ноќевање.

3.ДЕН (23.04.2022 - Сабота) САНТОРИНИ Појадок. По појадокот, околу 10 часот заминување на факултативна целодневна екскурзија и разглед на островот...археолошкиот град Акротири, последните остатоци од Миноанската цивилизација, место кое многумина го споредуваат со Помпеа, затрупано со вулканска лава во 2-от век п.н.е. Можност за посета на музејот, каде можете да ги погледнете прекрасно сочуваните куќи, скали, улици кои го краселе тоа место тогаш (влезница за локалитетот се плаќа дополнитено по цена која е на каса)...посета на „црвената“ плажа, Манастирот Св.Пророк Илија (Prophitis Ilias) кој се наога на највисоката точка на островот, од каде се пружа прекрасен поглед на целиот остров (можност за фотографирање), посета на Фира и Имеровигли - Калдера. Во вечерните часови посета на најмонденското селце OIA...можеби сте слушнале, можеби сте гледале на слики, сега е време да ја почувствувате магичноста на едно од најпознатите светски залези на сонцето кое се случува токму на тоа место...питорескната и монденска OIA, изградена на северниот дел од Калдерата од каде се гледа остатокот на островот и Егејското море била испирација за многу поети, сликари и писатели...враќање во хотелот во вечерните часови. Во доцните вечерни часови (велика сабота) подготовка за традиционална посета на некоја од православните цркви по наш избор каде се чествува ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ, по црковните ритуали - враќање во хотел. Ноќевање.

4.ДЕН (24.04.2022 - Недела) САНТОРИНИ Појадок. По појадокот - слободно време или факултативно крстарење...посета на Неа Камени (новонастанатиот вулкан ПЕС – обавезна доплата од 2,5 € за искачување до врвот на истиот) – можност за фотографирање покрај активниот кратер...продолжуваме кон островот Тирасија, можност за кафе-пауза или ручек во таверните кои се поставени на самото море...крстарењето продолжува кон Палиа Камени (стариот вулкан), каде ќе имате можност за капење во термалните води...пловидбата продолжува долж сртот на островот, од каде се гледаат градовите Иа и Фира...враќање во хотел.  Ноќевање.

5.ДЕН (25.04.2022 - понеделник) САНТОРИНИ Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот. Факултативна посета на на најубавата и единствена од таков вид винарија во Грција - Koutsoyannopoulos Winery - Wine Museum, која датира од 1600-та година и се наоѓа 8 метри под земја (во природна карпа) во должина од 300 метри, поврзана со подземни простории во кој се гледаат (со анимации) презентации за историјата на виното. Во историјата на оваа винарија прикажани се сите 14 генерации на производители на вино, од нејзиниот почеток до денес. По посетата на винаријата следи слободно време во Фира и околу 14.00 часот, трансфер до пристаниште, чекирање и сместување на фери. Денско и ноќно пловење према Пиреа. Пристигнување на пристаниште во Пиреа  околу 23:30 часот. Поаѓање за Македонија. Пристигнување во Битола во раните утрински часови – наредниот ден.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 12.240,00 ден. (199)

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА : Превоз со високо туристички автобус на релација Битола – Пиреа - Санторини – Битола; 3 НП во хотел 4* во Камари; Фери карта : Пиреа – Санторини – Пиреа; трансфер (пристаниште - хотел – пристаниште (на Санторини); ТРАНСФЕР на патници без надокнада од Струга, Охрид, Ресен, Кичево, Прилеп, Кавадарци, Велес и Скопје, организација и придружник на патувањето.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА : Факултативи по програмата;  патничкото осигурување; влезници за музеи и локалитети; Посета на Пиргос (превоз + локален водич) - 5 € по лице (препорака!);  целодневен разглед/екскурзија на островот (превоз + локален водич) - 35 € по лице (препорака!); Крстарење со брод + вулкан - 35 € по лице (препорака!); посета на винарија (резервација + превоз + влезница + и дегустација на вино) - 20 € по лице;

ПОПУСТИ и ДОПЛАТИ :

-          Доплата за еднокреветна соба 1/1 – 45€/2.790 ден.

-          Дете до 2 години, плаќа само автобуски превоз – 40€/2.48ден.

-          Прво дете до 6,99 години, а не користи кревет - спие со родители, плаќа само бус превоз + брод – 158€/9.800,00 ден.

-          Дете дете до 11,99 години, плаќа 80% од вкупната сума на аранжманот.

ПОТРЕБНИ COVID – документи за ВЛЕЗ во Р.ГРЦИЈА :

-          НЕГАТИВЕН PCR ТЕСТ, НЕ ПОСТАР ОД 72 ЧАСА ОД ДЕНОТ НА ВЛЕГУВАЊЕ ВО ГРЦИЈА (правило кое е МОМЕНТАЛНО на сила)

-          Негативен RAPID антигенски тест, не постар од 48 часа од денот на влегување во Грција

-          СЕРТИФИКАТ за примени минимум 2 дози на вакцина и тоа од следните производители : Pfiser-BioNtec; Moderna, AstraZeneca, SPUTNIK, SYNOVAC & SINOPHARM) 

-          СЕРТИФИКАТ за прележан COVID 19 (не постар од 6 месеци од денот на влез во Р.Грција)

НАПОМЕНА :

-          За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.

-          Патниците се должни во секое време да внимаваат на својата и безбедноста на сите во групата, како и да ги почитуваат дадените насоки и препораки за однесување во автобус од страна на организаторот

-          Доколку дојде до „виша сила“ и нереализaција на патувањето (поради новонастанати ситуации кои агенцијата или патникот не можеле да ги предвидат), УПЛАТЕНИТЕ СРЕДСТВА ЌЕ БИДАТ ВРАТЕНИ НА КЛИЕНТОТ.

-          Цените се по лице, сместување во двокреветни и трокреветни соби.

-          За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ. Целосна доплата 10 дена пред патување.

-          За уплати на “early booking” потребна е уплата 50% од вкупната сума на аранжманот.

-          Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација да си проверат дали патната исправа е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот.

-          Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.

ПОСЛЕДЕН РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ : 10.04.2022 !!!

Со оваа програма важат Општите услови


назад до:"ВЕЛИГДЕН "

Новости

12.05.2017

НАЈУБАВИ ПЛАЖИ НА СИТОНИЈА


Топ 10 најубави плажи на Ситонија, вториот крак на Халкидики, кои ќе ви станат едни од омилените.

повеќе

05.11.2016

КАКО ПАТУВАЊАТА НЕ ПРАВАТ ПОДОБРИ ЛИЧНОСТИ ?


Патувањата секој ги доживува на различен начин, но со сигурност на сите ни влијаат и повеќе од одлично.

повеќе

12.05.2016

10 дена на море прават чудо за вашето тело и душа


Што точно ви носи летувањето на море?

повеќе