Почетна

назад до:"Почетна"

КАПАДОКИЈА - 5 НОЌИ/ авион 08.09.2021/ 06.10.2021/ 20.10.2021


 

Aко постои бајка за магична земја од глина, веројатно ќе биде напишана за Кападокија

Добредојдовте во земјата на самовилите, прекрасните коњи, најубавите пејзажи на светот дополнети со шарено небо... 

Кападокија е место кое изобилува со убавини кои го одземаат здивот, уникатни карпести форми во кои древните народи ги направиле своите домови и светилишта. Од самовилски оџаци до подземни градови создадени во вулкански карпи и пештерски цркви

Вулканските ерупции и ерозијата, десеттици милиони години ги создавале овие пејасажи, кои изгледаат како природата да си поиграла со магично стапче!

Величествената убавина на оваа област најдобро може да се види од воздух. Колоритните балони се неразделен дел од Кападокија и се надополнување на бајковитата глетка. 

Целото искуство го надополнуваме со неверојатната Турска храна и гостопримливост. 

Се сместуваме во таканаречени Cave Boutique Hotels - хотели изградени во вулкански карпи, уникатно искуство кое ретко каде може да се доживее на друго место! 

План и програма
Ден 1: Состанок на групата и поаѓање и Факултативен излет: ATV (Quad Bike)
Состанок на меѓународниот аеродром во Скопје во 06:55ч. наутро. Лет за Истанбул (TK1004) во 08:55ч. Пристигнување во Истанбул во 11:30ч. по локално време. Лет(TK2004) од Истанбул до Невшехир во 12:50ч. Слетување во Невшехир во 14:15ч. Трансфер до хотел. Сместување во хотел.
Попладневен факултативен излет на кој поаѓаме околу 18:00ч. и се возиме со ATV - четирицикли низ овој магичен регион! Нестандардно разгледување и необичнаJungle авантура низ Гореме (Göreme) и посета на селото Чавушин (Çavuşin village), долината Ѓулудере (Güllüdere valley) и долината на Љубовта (Love valley). Магично зајдисонце кое гарантирано ќе го памтите уште многу долго!
Враќање во хотел. Слободно време. Ноќевање.

Ден 2: Факултативен излет – Лет со балон над Кападокија и Факултативен излет - Мистична тура
Факултативен излет - лет со балон над Кападокија, на изгрејсонце, зачинето со најмагичните глетки на овој регион! Во 05:30ч. изутрина поаѓаме на факултативен излет со кој започнува нашето истражување на Кападокија и моментот од кој засекогаш ова место ќе ни остане во срцето! Едно од највозбудливите доживувања на ова патување е дефинитивно летањето со балон. Чувството на слобода додека околу нас небото го шараат илјадници други балони е незаменливо. Враќање во хотел околу 8:30 часот. Појадок во хотел.
Факултативен излет – Мистична тура и ден посветен за истражување на убавините на Кападокија! Излетот го започнуваме во 09:30ч. Прво го посетуваме видиковецот во Гореме (Göreme Panaroma), каде уживаме во неверојатните и уникатни глетки. Оттаму турата ја продолжуваме во подземниот град Кајмакли (Kaymakli Underground City), еден од најпознатите подземни градови во Кападокија. По Кајмакли продолжуваме јужно кон долината Ихлара. Пешачиме покрај реката Мелендиз во Кањонот Ихлара. Попатно застануваме на ручек на самата река во селцето Belisirma. По паузата за ручек продолжуваме до Катедралата Селиме, која е најголем камен манастир во регионот. При враќањето во Гореме, ја посетуваме долината на гулабите (Pigeon Valley), која е сместена во Учисар (Uçhisar). За крај ја посетуваме фабриката за Оникс, каде гледаме како се обработува овој полудраг камен. Враќање во сместувањето. Слободно попладне. Ноќевање.

Ден 3: Факултативен излет - Срцето на Кападокија
По појадокот, во 9:30 часот наутро поаѓаме на факултативен излет - Срцето на Кападокија. Кога називот на овој историски многу важен регион би се превел на Македонски, истиот би значел “земја на убави коњи“. Со векови на овие простори се мешале влијанијата на Персија, Александар Македонски, римските владетели и раните христијани, додека пак денеска, овој регион е дел од Турција и претставува важна туристичка престолнина на државата. Необични географски формации, вклесани во бел камен (бела вулканска пепел). Излетот го започнуваме со замокот Учхисар (Uçhisar) - највисоката точка на Кападокија, со величенствен поглед на Гореме. Се упатуваме кон големиот манастирски комплекс - “Гореме музејот на отворено” (Gӧreme Open Air Museum) каде ќе ги видиме најубавите цркви вклесани во карпите, создадени од раните христијански монаси и најубавите примери на византиска уметност. Авантурата ни продолжува со истражувањето и го разгледуваме Пашабаги (Paşabağı) со необичната формација на печурка! Пашабаги исто така го нарекуваат и долината на монасите заради црквата на Свети Симеон која е сместена во самата долина. По Пашабаги следи посета на долината на имагинацијата - Дервент (Devrent Valley), преполна со природни камени форми со црвена боја, кои генерално претставуваат ликови на животни па посета на Чавушин (Çavuşin) старо сликовито грчко село со автентични грчки куќички кои се напуштени. Следи пауза за ручек во градот Аванос. Аванос е сместен на брегот на Црвената река (Kızılırmak) која воедно е и најдолга река во Турција. Познат е по глинените работилници и глинени производи, за кои се верува дека почнале да ги изработуваат Хититите во II милениум п.н.е. Го разгледуваме гратчето и посетуваме работилници во кои учиме за глинените и керамички ремек дела. Локалците во живо ни ги демонстрираат и некогашните техники на изработка. Посетуваме и фабрика за теписи. За крајот на оваа авантура ја оставаме Долината на Љубовта (Love Valley). Враќање во сместувањето околу 17:00ч. Слободно време. Ноќевање.

Ден 4: Факултативен излет - Лов на балони со Кабриолети и Факултативен излет - Туз Голу
Стануваме пред изгрејсонце и одиме на лов на балони со кабриолети или “олдтајмери“ (факултативен излет). Секое утро кога се раѓа денот, се раѓаат и стотици шарени балони. И ако имавме прилика првиот ден да го осетиме вивнувањето високо во небото со hot air balloon, сега ќе го гледаме тоа од друга перспектива. Утринска свежина го милува нашето лице, возиме олдтајмери низ неверојатни долини, ветрот и игра со нашите коси и секако, глетка која не се пропушта – шарени балони кои летаат околу и над нас и го украсуваат небото. Ја истражуваме Кападокија низ неколку попатни станици каде правиме врв фотки. Појадок.
Попладне поаѓаме за Туз Голу - излет вклучен во цената на аранжманот. Второ по големина во Турција, магичното солено езеро Туз е место кое ќе ве остави без зборови. Тргнуваме во 13ч и патуваме околу 2.5 часа покрај бесконечните полиња во Анадолија пожолтени од прекрасни сончогледи. Пристигнуваме час и половина пред зајдисонце за да уживаме во живописноста на ова турско чудо на природата – брилијантно солено езеро кое под сонцето блеска како бисер. Одиме подалеку од местата каде одат сите туристички групи. Ве носиме на тајно место, далеку од патокази, место каде што гарантираме дека ќе видите неоткриен дел од езерото што го чуваме само за нас. Таму сами во тишината се восхитуваме на нереалната глетка. Ги соблекуваме обувките и чекориме по солта. Пред нас кристално езеро до недоглед , небо кое од пурпурно се бои во нијанса на лава и се рефлектира на плитките води кои лежат совршено мирно под нашите стапала. Чекорењето низ прекрасните минерали од бела сол со розеникав сјај е драгоцено искуство, а ако на тоа додадеме и јавање коњи на оваа бела ливада, тоа е навистина момент за паметење. И додека шетате низ оваа необична ливада, јавате коњи или правите неверојатно добри фотки, ние веќе запаливме скара за вас, раширивме шарени турски килими и фрливме големи, удобни перници кои ве чекаат да се сместите удобно, гледајќи нереално зајдисонце. Мирис на турска скара, чаша премногу добро локално вино и уживање до максимум. По домашно ќофте и неколку чаши (или шише) вино и многу смеа, полни со впечатоци, се враќаме во срцето на Кападокија, Гореме некаде околу 21ч. Пристигнуваме во хотел околу полноќ. Ноќевање.

Ден 5: Факултативен излет - Јавање коњи и Факултативен излет - Jeep Safari
Факултативен излет на кој поаѓаме во 09:45ч. - Јавање коњи низ прекрасните пространства на Кападокија! "Земјата на убавите коњи” како најавтентично да се доживее, ако не со коњ! Слободно време и можност за уживање на базен.
Попладнето одиме на факултативен излет Jeep Safari на кој се поаѓа во 16:00ч. - Волшебно сафари кое никогаш нема да го заборавите во волшебната Кападокија! Факултативниот излет го започнуваме со посета на селото Ибрахимпаша чие поранешно име било Бабајан (Babayan) и мостот Ибрахимпаша (Ibrahimpaşa Bridge) од 1939 година, фасцинантните куќички направени од карпести камења и фасцинантен поглед од другата страна на селото на недопрената долина која остава без здив... Потоа ја посетуваме долината Панчарлик (Pancarlık) со црквата на чии фрески не можеме да останеме рамнодушни. Природната убавина на долината и нејзината историја прави да се чувствуваме како во бајка! Ја посетуваме и долината Гомеда (Gomeda Valley) или најзелената долина на Кападокија. За крајот на оваа адреналинска авантура е селото Мустафапаша, старогрчко село чии градби кои имаме можност да ги прошетаме и разгледаме, сведочат за историјата на овој предел. Грчки поседи и фасцинантна архитектура! Враќање во сместувањето. Слободно попладне. Ноќевање.

Ден 6: Напуштање на сместувањето и пристигнување во Скопје
Појадок. Трансфер до аеродром. Лет (TK2005) во 15:35 часот од Кајсери за Истанбул. Пристигнување во Истанбул во 17:05 часот. Лет (TK1005) во 19:25 часот од  Истанбул за Скопје. Пристигнување во Скопје во 19:50 часот по локално време. Крај на патувањето.

Цени и услови

Kookaburra Hotel Cappadocia
Што е вклучено
Комплетна организација и услуги од претставникот на агенцијата на
дестинацијата
Сместување во двокреветни соби на база 5 ноќевања со појадок
(континентален појадок) во Kookaburra Hotel Cappadocia во Гореме.
Сите трансфери од аеродром до сместување, од сместување до
аеродром и меѓу градовите по планот и програмата на патување
Повратен авионски билет со сите такси на релација: Скопје- Невшехир;
Кајсери - Скопје, во економска класа.
Регуларна цена
550,00
 
First minute
Важи за сите пријави до 23.07.2021
510,00 EUR

Design Cappadocia Hotel 3*
Што е вклучено
Комплетна организација и услуги од претставникот на агенцијата на
дестинацијата
Сите трансфери од аеродром до сместување, од сместување до
аеродром и меѓу градовите по планот и програмата на патување
Повратен авионски билет со сите такси на релација: Скопје- Невшехир;
Кајсери - Скопје, во економска класа.
Сместување во двокреветни соби на база 5 ноќевања со појадок
(континентален појадок) во Design Cappadocia Hotel 3* (локална
категоризација) во Гореме.
Регуларна цена
600,00

First minute
Важи за сите пријави до 23.07.2021
560,00 EUR


Не е вклучено
Меѓународно здравствено осигурување (може да се уплати во агенцијата)
Индивидуални трошоци за времетраење на аранжманот


назад до:"Почетна"

Новости

12.05.2017

НАЈУБАВИ ПЛАЖИ НА СИТОНИЈА


Топ 10 најубави плажи на Ситонија, вториот крак на Халкидики, кои ќе ви станат едни од омилените.

повеќе

05.11.2016

КАКО ПАТУВАЊАТА НЕ ПРАВАТ ПОДОБРИ ЛИЧНОСТИ ?


Патувањата секој ги доживува на различен начин, но со сигурност на сите ни влијаат и повеќе од одлично.

повеќе

12.05.2016

10 дена на море прават чудо за вашето тело и душа


Што точно ви носи летувањето на море?

повеќе