Почетна

назад до:"Почетна"

КЕФАЛОНИЈА - ВЕЛИГДЕН


Лефкада – Кефалонија

2 ноќи /Дена автобус

Јонско море и неговата прочуена убавина ќе ја видите во една програма од 3 дена. Лефкада и Кефалонија  со причина ги нарекуваат островите  на  боите: белата боја на карпите, школките и песокта по кои го добила и името Лефкада; сината боја на морето која може да се спореди со морињата во некои далечни егзотични дестинации; зеленилото на боровите, чемпресите, шаренилото на цвеќињата, маслиновите дрвја…

1 ден 27.04.2019– Сабота  ( Битола – Јанина – Лефкада – Кефалонија)

Состанок на групата во 03,30 пред Спортска сала Битола . Поаѓање према Лефкада во 04:00 ч. преку граничен премин Меџитлија. Возење со попатни паузи за освежување.  Пристигнување во Нидри на  Лефкада во пладневните часови.  Можност за кратка пауза за  разгледување на местенцето прошетка по нејзините тесни улички и амбиентални продавници и ресторани додека се качиме на брод за Кефалонија. Пристигнување на Фискардо (Кефалонија) после час и половина патување со брод покрај Итака и прекрасни сцени од јoнските острови и магичното море.  Патувањето продолжува до Аргостоли каде се сместуваме во хотел 3*. Вечерта организирана прошетка до Аргостоли со присуство на велигденска литургија. Враќање во хотел. Ноќевање 1.

2 ден 28.04,2018 Недела  ( Кефалонија  – разглед на јужниот дел на островот  )

Појадок. Заминување на  организиран разглед  со водич на островот од неговите две страни , со прекрасната природа, надалеку прочуените плажи и крајбрежја, како и запознавање со богатата историја на островот кој ја дели судбината на повеќето острови од јонскиот архипелаг. Придружете ни се на нашето патување од плажа до плажа од Скала до Фискардо,   да уживате во магијата на природата во сите нејзини граници, по овој пат. Ја знаете изреката “Сликата вреди илјада зборови”? Плажата Макриа и познатата Плава Лагуна, плажата Кутсупија (мини Миртос), плажата Антисамос,  Сами, Горготас и уште неколку незаборавни глетки кои ќе ви останат врежани уште долго во сеќавање.Можност за ручек во рибен ресторан-таверна. Враќање во Ператата. Слободно време за одмор, прошетка. Вечерта можност за организирана Грчка вечер со вечера, бесплатно вино, како и запознавање со фолклорот на Кефалонија низ игри и танци – факултативно 25 Еур. Ноќевање 2.

3 ден 29.04,2019 Понеделник  (Кефалониаја – Лефкада –  Јанина – Битола)

Појадок. Заминување кон Лефкада и можност да се разгледа Лефкас  прекрасното приморско гратче со амбиентална медитеранска убавина. Заминување кон Јанина и посета на маркетите Џамбо и Икеа. Заминување за Битола. Пристигнување во Битола во вечерните часови.

Цена: 99 Еур/ 6,138 мкд во 1/2 , 1/3 соби

за уплата до 30/03/2019  89 Еур/ 5,518, 00 денари

Деца 2-12 години со 2 возрасни 3000 денари. Сопствен превоз 69 Еур.

Цената на аранжманот вклучува:

  • Автобуски и бродски  превоз на наведената релација
  • 2 ноќевања со појадок во хотел со 3*
  • Водич на Кефалонија и Лефкада
  • Организација на патувањето

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Патничко осигурување
  • Факултативни излети и влезници
  • Крстарење  со брод 30 Еур
  • Грчkа вечер со комплетно мени, неограничено вино, музика и танци 25 Еур
  • Индивидуални трошоци на патниците
  • Поаѓање од останати градови 10 Еур повратен трансфер
  • Време на поаѓање од останати градови:
  • 01:00 h Скопје (Дрводекор)
    01:45 h Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија)
    12:45 h Штип (паркинг пред пошта)
    02:30 h Кавадарци (бензинска пумпа Макпетрол,Дреново)
    03:20 h Прилеп (бензинска пумпа Лукоил)
    04:00 h Битола (Пред спортска Сала)
    03.15 h Ресен (спроти автобуска станица) – Трансфер до Битола
    02:30 h Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола)
    02.15 h Струга (Хотел Дрим) – Трансфер до Битола
    02:15 h Кичево (бензинска пумпа Пуцко Петрол)

Важат Општите услови на патување на СКТМ и ТА Ариес.


назад до:"Почетна"

Новости

12.05.2017

НАЈУБАВИ ПЛАЖИ НА СИТОНИЈА


Топ 10 најубави плажи на Ситонија, вториот крак на Халкидики, кои ќе ви станат едни од омилените.

повеќе

05.11.2016

КАКО ПАТУВАЊАТА НЕ ПРАВАТ ПОДОБРИ ЛИЧНОСТИ ?


Патувањата секој ги доживува на различен начин, но со сигурност на сите ни влијаат и повеќе од одлично.

повеќе

12.05.2016

10 дена на море прават чудо за вашето тело и душа


Што точно ви носи летувањето на море?

повеќе