Хотели

назад до:"Хотели"

ХОТЕЛ МИЛЕНИУМ - ОХРИД


За Хотелот

Милениум Палас е хотел со четири ѕвезди кој се наоѓа во југозападниот дел од Македонија, на брегот од прекрасното Охридско Езеро.

Со самото тоа што е сместен во Охрид, европскиот Ерусалим, ги комбинира предностите на еден модерен град и на место со богато историско минато и културни вредности. 

Нуди незаборавен поглед на езерото, стариот град и древната Самоилова тврдина. Од стариот дел на градот Ве дели само кратка, пријатна прошетка покрај езерото. 
Ќе бидете воодушевени од неверојатниот спој на природните и културно-историски богатства: антички споменици, цркви, музеи, сето тоа надополнето со прекрасен поглед кон езерото, посебно на зајдисонце.

Сместување

Хотелот располага со капацитет од вкупно 69 соби од кои: 45 стандардни соби, 10 дуплекси, 6 делукс соби и 8 Јуниор aпартмани.

Секоја соба е опремена со:

  • клима уред
  • мини бар
  • безжичен интернет
  • дирекна телефонска линија
  • кабелска телевизија
  • купатило со туш кабина или када

Ценовник

(по соба, на ден)Ноќевање со појадок (ВВ)
Еднокреветна соба 2990.00 МКД (49 €)
Двокреветна соба 4270.00 МКД (70 €)
Дуплекс соба / Делукс соба 6040.00 МКД (99 €)
Јуниор апартман 9090.00 МКД (149 €)

Дадените цени се за соба на ден со вклучен:

  • појадок,
  • надворешен паркинг под видео надзор,
  • користење на финска сауна,
  • турска парна бања,
  • теретана,
  • безжичен интернет во собите, лобито и ресторанот,
  • ДДВ и туристичка такса.

- Деца до 7 години: Гратис.

- Деца од 7 до 12 години: 50% попуст

- Доплата за трето лице во соба: 1525 МКД (25 ЕУР) на ден.

- Доплата за оброк (пансионски ручек или вечера): 490 МКД (8 ЕУР) по лице.

Забелешка: Хотелот го задржува правото за промена на цените без најава.


назад до:"Хотели"

Новости

12.05.2017

НАЈУБАВИ ПЛАЖИ НА СИТОНИЈА


Топ 10 најубави плажи на Ситонија, вториот крак на Халкидики, кои ќе ви станат едни од омилените.

повеќе

05.11.2016

КАКО ПАТУВАЊАТА НЕ ПРАВАТ ПОДОБРИ ЛИЧНОСТИ ?


Патувањата секој ги доживува на различен начин, но со сигурност на сите ни влијаат и повеќе од одлично.

повеќе

12.05.2016

10 дена на море прават чудо за вашето тело и душа


Што точно ви носи летувањето на море?

повеќе