ПАТУВАЊА ВО ФЕВРУАРИ

назад до:"ПАТУВАЊА ВО ФЕВРУАРИ"

ВРЊАЧКА БАЊА


Врњачка Бања е повеќе од класично бањско место, таа е “КРАЛИЦА’ меѓу Српските бањски места и една од најпосетуваните туристички дестинации во Србија, Благодетите на престојот во уваа убавица препознаени се одамна, во прилог кон тоа е и фактот што после Втората Светска Војна, Врњачка Бања имала повеќе туристи од Дубровник и Блед заедно...Активен и содржаен одмор во местото овозможуваат бројни содржини : спортски, културни, забавни и богата гастрономска понуда и занимливо опкружување.

Хотел МЕРКУР****

Сместен е во самиот центар на Врњачка Бања, веднаш до шеталиштето...на гостите им се на располагање затворен базен со термална вода, фитнес центар, масажи и третмани. Собите се светли и нудат поглед на самиот центар на Врњачка Бања...сите се климатизирани и поседуваат кабелска ТВ, а повеќето од нив имаат и мини-бар. На гостите им се на располагање следните медицински услуги : лекари – специјалисти и субспецијалисти, физикален блок, спратна и дежурна амбуланта (24 часа).

1 ДЕН (14.02.2020 – петок) БИТОЛА Состанок на групата во 05.00 часот на Градска Автобуска Станица. Поаѓање за Србија во 05.30 часот. Денско патување, со кратки попатни одмори...патот води преку Скопје, Ниш, Лесковац...Пристигнување во Врњачка Бања околу пладне. Сместување во хотел. Слободно време за користење и уживање во wellness-капацитетите на овој прекрасен хотел...Ноќевање.

2 ДЕН (15.02.2020 – сабота) ВРЊАЧКА БАЊА Појадок. Слободно време за индивидуален разглед на градот и користење на wellness-капацитетите на хотелот. Можност за посета на некој национален ресторан со програма и комплетно мени...Ноќевање.

3 ДЕН (16.02.2020 – недела) ВРЊАЧКА БАЊА – НИШ – БИТОЛА Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот. Поаѓање за Македонија, со попатна посета на Ниш. Пристигнување во Битола во вечерните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 5.530,00 денари (89 )

УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ : Исклучиво во денарска противвредност

НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ : 30 % од сумата при резервација – готовински или со платежни картички. Останатиот износ до полната цена на аранжманот – готовински или со платежни картички, најкасно 10 дена пред поаѓање или на основа на фактура која мора да биде реализирана во рок од 7 дена од датата на издавање, а најкасно 10 дена до почетокот на аранжманот.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА : Автобуски превоз на горенаведената релација (високоподен, со аудио и видео опременост),  2 Н/П во хотел со 4* во Врњачка Бања, посета на Ниш,организација, водство и реализација на аранжманот.

ПОСЛЕДЕН РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ : 31.01.2020


назад до:"ПАТУВАЊА ВО ФЕВРУАРИ"

Новости

12.05.2017

НАЈУБАВИ ПЛАЖИ НА СИТОНИЈА


Топ 10 најубави плажи на Ситонија, вториот крак на Халкидики, кои ќе ви станат едни од омилените.

повеќе

05.11.2016

КАКО ПАТУВАЊАТА НЕ ПРАВАТ ПОДОБРИ ЛИЧНОСТИ ?


Патувањата секој ги доживува на различен начин, но со сигурност на сите ни влијаат и повеќе од одлично.

повеќе

12.05.2016

10 дена на море прават чудо за вашето тело и душа


Што точно ви носи летувањето на море?

повеќе