Почетна

назад до:"Почетна"

МАЛДИВИ АВАНТУРА 2023


Кога ќе кажеме одмор од соништа дефинитивно помислуваме на Малдиви (Maldives)! Рајски тиркизни лагуни, бесконечни плажи од бел песок и шаренолик подводен свет е само мал дел од работите кои Малдиви ја прават совршена дестинација за уживање и релаксација. Со сигурност може да кажеме дека е домот на најфасцинантните и најегзотичните плажи на светот!

За љубителите на малку поавантуристички патувања, "стандардниот" одмор на Малдиви знае да биде малку пасивен. На која плажа и да се наоѓаш, десет дена само лежење на плажа знае да биде малку монотоно. Затоа одлучивме патувањата на Малдиви да ги организираме на малку поавантуристички начин во Jungle стил, впрочем како и сите други наши патувања. Така најмногу може да се види нашата експертиза и по тоа сме познати!

Спремни за авантура?

Во нашата програма се сместуваме на најпознатиот населен остров на Малдиви - Мафуши (Maafushi). Не си замислувајте голем остров со згради, автомобили, улици. Замислете си мал тропски рај, палми, песок, островче кое во должина се поминува за 15 минути, а во ширина за 5 минути. Островче со неколку ресторанчиња и барови со жива музика, со насмеани и љубезни локалци, неколку хотели, туристи, авантуристи и нуркачи од #ЦелСвет. Замислете си и прекрасна плажа со бел прашкаст песок, палми и тиркизен океан. Дечки, плажа на Малдиви е плажа на Малдиви... Замислете си и Хотел со 4* - Arena Beach во кој што се сместуваме. Хотелот се наоѓа на сама плажа, а има и infinity pool на кровот на хотелот. Имаме и лежалки, пешкири за плажа, опрема за нуркање достапна за време на целиот престој. Најважно од сé? Во цената на нашиот аранжман имате вклучени активности/излети кои прават перфектен баланс на одморот на Малдиви. Освен што уживаме на нашата плажа, што шетаме низ нашето островче и уживаме во некој од локалните “барчиња“ - се плажираме на песочни дини - малечки острови во сред океан кои ги имаме само за нас. Еден од овие денови дочекуваме зајдисонце на песочна дина во сред океан, па палиме оган, свириме гитара и гледаме ѕвезди... Одиме да нуркаме со ајкули, подводни желки, делфини. Храниме ражи. Имаме локални водичи - сертифицирани "free" нуркачи кои со GoPro ни прават незаборавни фотки, над и под вода и истите ни ги префрлаат на телефон/лаптоп, па имаме спомени за цел живот!

* ЗА ВРЕМЕ НА ИЗЛЕТИТЕ, НАШИТЕ ЛОКАЛНИ ПАРТНЕРИ НОСАТ GOPRO И ЦЕЛО ВРЕМЕ НИ ПРАВАТ НЕВЕРОЈАТНИ ФОТКИ И ВИДЕО КЛИПОВИ. НА КРАЈ НА ДЕН, ИСТИТЕ СИ ГИ ПРЕВЗЕМАМЕ ОД РЕЦЕПЦИЈА.

Секој ден различна активност преку која ќе ги запознаете Малдиви на малку поинаков начин и комплетно ќе се заљубите во нив! Ако природата на самите острови воодушевува, подводниот свет ќе ве остави без зборови. Освен на факултативните излети, нуркањето ќе ви стане навика и кога ќе имате слободно време за плажирање.

Нашето насмеано племе не Ве носи на Малдиви за да “дремете“ на плажа во ресорт, туку Ве носи на вистинска Авантура!


Термин:   04.01. - 13.01.2023-  Цена: 1 449 еур

                   16.01. - 25.01.2023 - Цена : 1 349 еур

                   25.02. -  06.03.2023   Цена: 1 249 еур

                   08.03. - 17.03.2023    Цена : 1 299 еур

                   18.03. - 27.03.2023    Цена : 1 299 еур

                   01.04. - 10.04.2023     Цена : 1 249 еур

                   15.04. - 24.04.2023     Цена:  1 299 еур

                   21.04. - 30.04.2023    Цена : 1 299 еур

                   30.04. - 09.05.2023    Цена : 1 299 еур

                   12.05. - 21.05.2023     Цена : 1 299 еур

                   19.05. - 28.05.2023     Цена:  1 299 еур

Ден1: Состанок на групата и поаѓање

Состанок на патниците и трансфер до Аеродромот во Софија, Бугарија. Попладневен лет од Софија со Fly Dubai (FZ1758) во 02:25 часот и пристигнување во Дубаи во 21:25 часот. Авантурата може да започне! Одиме на местото кое со причина го нарекуваат рајот на земјата!

Ден 2: Пристигнување на Малдиви

Лет од Дубаи за Мале во 02:00ч. (FZ1207). Пристигнуваме во Мале во утринските часови. Трансфер со брод до нашиот остров на Малдиви – Мафуши. Попладневен check-in во собите. По сместувањето имаме организиран Traditional Tea Ceremony за добредојде на покривот од нашиот хотел каде што ќе уживаме во прекрасниот панорамски поглед и прекрасното зајдисонце. Тука одржуваме краток информативен состанок за подобро да се запознаеме, а и да ви ги раскажеме авантурите кои следат во наредните денови, да ве запознаеме со островот и да ви ја откриеме неговата магија! Островот Мафуши е еден од поголемите населени острови на Малдиви со околу 2.500 жители. Мал тропски рај со песочни улички, барчиња со разни свежи овошни коктели, ресторани со превкусна морска храна, плажи од ситен, мек бел песок и прекрасна тиркизна вода. Ја чувствуваме неверојатната енергија на овој остров и веќе се чувствуваме како дома!

Ден 3: Факултативен излет - Тиркизна авантура

По појадокот земаме пешкири и опрема за нуркање од рецепција и одиме да ги истражуваме убавините на Малдиви под вода. Нè чека speed boat на локалното пристаниште и заминуваме на една вистинска тиркизна авантура! Одиме да нуркаме на коралниот гребен на островот Biyadhoo. Уживаме во фасцинантниот подводен свет на коралниот гребен. Прекрасни корали, стотици различни видови и големини на риби во сите бои. Еден цел нов шарен свет под вода! По нуркањето на гребенот продолжуваме со истражувањето на подводниот свет и одиме да пливаме со манта ражи. Мантите се прекрасни риби кои наликуваат на ражи, но се со потемна боја и може да достигнат до 7 метри во широчина. Мантите може да се најдат во подлабоки води. Полека пловиме со бродот сè додека локалните водичи не ни дадат знак дека забележале манти. Штом ни дадат знак, веднаш сите во вода! Буквално како да гледаме документарен филм за подводниот свет во живо. За доживувањето да биде комплетно, одиме и на еден од најпознатите корални гребени кој е живеалиште на водни желки. Освен кул фотките под вода со желки, уживаме во безбројните видови на корали и стотици видови на риби во различни бои. Последното изненадување за денот, одиме на sandbank или песочен насип да уживаме. Песочен насип е насобран песок во плитките делови од лагуните кој наликува на минијатурен остров. На песочниот насип сме само ние, имаме цело островче само за нас додека уживаме во прекрасната плажа и најубавата боја на вода што некогаш сме ја виделе. Се бањаме и уживаме на ова мало парче рај! Враќање во сместувањето и уживање на плажата на Мафуши до зајдисонце.

Ден 4: Плажирање на песочен насип, нереално зајдисонце со логорски оган

Првиот дел од денот е слободен за уживање на плажа, шетање по нашиот остров, играње одбојка на плажа, серва и слично. Вториот дел од денот е планиран за опуштање со Jungle екипата на песочнен насип (пуст остров) од нереално бел песок, опкружен со сината боја на Индискиот океан. Го чекаме зајдисонцето, палиме логорски оган и потоа гледаме милион ѕвезди над нас. Музика пуштаме од ЏБЛ, или гитара - ако некој од групата знае да свири :) Имаме наша гитара на Малдиви! :) Со нула светлосно загадување, небото изгледа буквално како на дофат. Стигнуваме два часа пред зајдисонце, за да имаме време и да уживаме на плажата и да уживаме во пливањето. Нереално доживување! Враќање во сместувањето.

Ден 5: Факултативен излет :  Нуркање со ајкули, ражи, делфини и уживање на песочен насип

Овој ден е можеби највозбудливиот, најочекуваниот и омилениот ден на повеќето наши патници! Oдиме да пливаме со делфини! Дефинитвно најмилите жители на океанот со кои нетрпеливо чекаме да запливаме во најтиркизната лагуна која некогаш сме ја виделе.. А потоа време е за адреналин! Пливање со ајкули! Уникатно искуство кое сите ние ќе го паметиме цел живот. Колкумина од нас може да кажат дека пливале со ајкули во отворен океан, без кафез меѓу нас :). Иако изгледаат страшно и може да достигнат големина до 2,5 метри, овие ајкули се од видот Nurse Sharks кои воопшто не се опасни за луѓето. Но, и покрај тоа што не се опасни, адреналинот кој се чувствува додека влегуваме во вода само се зголемува кога се нурнуваме да пливаме меѓу нив. Буквално соочување со ајкула очи во очи. Веруваме дека тоа ќе биде најчесто прераскажувано искуство кое сте го доживеале. Потоа се упатуваме кон локалниот остров Fulidhoo. Нè чека уште едно крајно необично и прекрасно доживување на овој ден полн со доживувања. Во плитката тиркизна вода на овој мал остров пливаат ражи и по некоја ајкула. Влегуваме во вода, ги галиме ражите, се сликаме со нив и локалните водичи ни даваат риби за да ги храниме. После направените кул фотки со ГоПро и адреналинското пливање, одиме на песочен насип на плажирање и уживање. Овој пат одиме на уште помал песочен насип кој изгледа буквално како нафрлен куп песок од неколку метри во ширина и должина сред отворен океан. Враќање во сместувањето на Мафуши.

Ден 6: Слободен ден за уживање во Маафуши

Доживејте ги Малдиви на вистинскиот начин. Препуштете се во локалниот начин на живот, уживајте во егзотичната храна и запознајте ја културата на локалците. Уживаме на плажата на Маафуши, пиеме кокос и одмараме под палмите. Го дочекуваме зајдисонцето и вечерта уживаме под ѕвезденото небо со музика на плажа.

Ден 7: Возење со кајаци / СУП-ови, нуркање на коралниот гребен на Маафуши и вечера на плажа

Овој ден ќе го искористиме за многубројни активности во кои можете да се “пробате“ за време на нашиот престој на Малдиви. Се впуштаме во авантура, возење со кајаци или со SUP даски. Потоа одиме на нуркање на локалниот корален гребен на островот Мафуши. Тие што не се веќе заразени со нуркање, после патувањето на Малдиви, сигурно ќе бидат. Убавините на подводниот свет на Малдиви се навистина неописливи и буквално секој момент ќе сакате да го искористите под вода. Вечерта ни е наменета за романтична вечера на плажа. Ѕвезди, свеќи на песок, тивка музика и убаво друштво.

Ден 8: Слободен ден за уживање на Маафуши

Слободен ден за уживање во магијата на овој прекрасен остров и неговите најубави плажи! Сончање, масажи, овошје и морски плодови. Можност за факултативна посета на островот Gulhi. Посетата на Gulhi не е вклучена во цената и не е дел од програмата, но често нашите претставници од агенцијата, за целосно уживање и доживување сакаат да Ве однесат на уште еден прекрасен остров и прекрасна плажа во близина на Мафуши. Тоа е населен остров, многу помал од Мафуши, каде што туризмот сè уште не е развиен воопшто и каде што ја имаме целата плажа само за нас. Пред поаѓање не заборавајте да си земете опрема за нуркање од хотел, зашто и на овој остров, како и на сите други, коралниот гребен е прекрасен и сигурно ќе сакате да го истражите малку повеќе.

Ден 9: Напуштање на сместувањето, Day Resort Visit,  и трансфер до аеродром

Напуштање на сместувањето, а потоа следи уште еден ден за интересни активности. Се упатуваме на факултативен излет - Resort day visit. Одиме во некој од најпопуларните ресорти на Малдиви. Нивните единствени локации нудат пристап на недопрени плажи, како и шанса да се нурнеме и да го истражиме единствениот морски свет на островот кој го посетуваме. Уживаме во слатното сонце и мекиот песок додека ги истражуваме богатите тропски чуда на оваа островска држава. Во ресортот имаме All Inclusive услуга - вклучен ручек и пијачки за време на престојот. Се збогуваме со магичниот остров и слободно време до поаѓање. Трансфер со брод до аеродромот во Мале. Вечерен лет од Мале 23:30 часот (FZ1570), со преседнување во Дубаи.

Напомена: Услугата (All Inclusive) во различните ресорти кои може да се посетат е секогаш различна. Истата ќе биде искомуницирана од претставникот од агенцијата на лице место, кога ќе го знаеме името на ресортот кој би можеле да го посетиме како "day visitors". Сите ресорти на Малдиви го задржуваат правото да одбијат влез на "day-visitors" и достапноста зависи од “пополнетоста“ на ресортите во моментот на патување. Агенцијата не сноси никаква одговорност доколку на одредена група не може да им биде понуден "Resort Visit" како факултативен излет.

Ден 10: Враќање и крај на патувањето

Пристигнување во Дубаи во 03:10ч. по локално време. Лет од Дубаи за Софија во 09:40ч. (FZ1570). Пристигнување во Софија во 13:25ч. Трансфер од Меѓународниот Аеродром во Софија до Скопје. Крај на патувањето.

Сите уплати се вршат исклучиво во денарска противредност по курс од 62 денари за 1 евро и тоа: при пријавување се плаќаат 150€ (9.300,00 МКД) по лице. Преостанатиот дел се плаќа најдоцна 4 недели пред поаѓање. Можност за плаќање преку трансакциска сметка (на фактура) и со платежни картички Visa, Master, Maestro.

Препорачуваме рано пријавување на патници заради ограничениот број на места. При пријавувањето потребно е да се достави скренирана прва страница од патната исправа, која е валидна за датумот на патувањето (има важност минимум 6 месеци по датумот на враќање и има доволно празни страници во текот на патувањето), во спротивно агенцијата не одговара за печатење на авио билетот со погрешни податоци.

Што е вклучено

Сместување

Arena Beach Hotel, Maafushi 4 Пример 7 ноќи

Превоз

  • Трансфер од Скопје до Меѓународниот Аеродром во Софија
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Софија - Дубаи (FlyDubai), во економска класа со вклучен багаж
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Дубаи - Мале (FlyDubai), во економска класа со вклучен багаж
  • Трансфер со брз брод од аеродром до сместување
  • Трансфер со брз брод од сместувањето до аеродром
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Мале - Дубаи (FlyDubai), во економска класа со вклучен багаж
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Дубаи - Софија (FlyDubai), во економска класа со вклучен багаж
  • Трансфер од Меѓународниот Аеродром во Софија до Скопје

 

Храна

7 × Вечера (услуга полу-пансион), 7 × Континентален појадок

 

Останато

  • Пакет факултативи/активности на Малдиви
  • Трансфер со автобус на релација Скопје - Меѓународен Аеродром во Софија - Скопје

Не е вклучено

  • Меѓународно здравствено осигурување (може да се уплати во агенцијата)
  • Индивидуални трошоци за времетраење на аранжманот
  • Опционална доплата од 70 ЕУР по лице за SEAVIEW ROOM – соби од повисока категорија, со балкон и поглед на океан.

ИЗЛЕТИ ВКЛУЧЕНИ ВО ЦЕНАТА

  • ПОСЕТА НА SANDBANK (ПЕСОЧЕН НАСИП) ПРЕКУ ДЕН
  • ПОСЕТА НА SANDBANK (ПЕСОЧЕН НАСИП) ЗА ЗАЈДИСОНЦЕ, СО ЛОГОРСКИ ОГАН
  • НУРКАЊЕ СО ПОДВОДНИ ЖЕЛКИ
  • НУРКАЊЕ НА КОРАЛНИОТ ГРЕБЕН BIYADHOO 
  • ВОЗЕЊЕ СО КАЈАЦИ / СУП ДАСКИ СО ВЕСЛО
  • НУРКАЊЕ НА ЛОКАЛЕН КОРАЛЕН ГРЕБЕН (МАФУШИ)
  • TRADITIONAL TEA CEREMONY
  • РОМАНТИЧНА ВЕЧЕРА НА ПЛАЖА (САМО ЗА ПАТНИЦИТЕ СО ПОЛУ-ПАНСИОН, ПАТНИЦИТЕ СО ПОЈАДОК ДОПЛАЌААТ 10$ ПО ЛИЦЕ ЗА ВЕЧЕРАТА)
  • ПОСЕТА НА ОСТРОВОТ GULHI

назад до:"Почетна"

Новости

12.05.2017

НАЈУБАВИ ПЛАЖИ НА СИТОНИЈА


Топ 10 најубави плажи на Ситонија, вториот крак на Халкидики, кои ќе ви станат едни од омилените.

повеќе

05.11.2016

КАКО ПАТУВАЊАТА НЕ ПРАВАТ ПОДОБРИ ЛИЧНОСТИ ?


Патувањата секој ги доживува на различен начин, но со сигурност на сите ни влијаат и повеќе од одлично.

повеќе

12.05.2016

10 дена на море прават чудо за вашето тело и душа


Што точно ви носи летувањето на море?

повеќе