Почетна
ЕГИНА - СВ. НЕКТАРИЈ & АТИНА
1 ден ( 29.03.2024) БИТОЛА – ПИРЕА
Состанок на групата и поаѓање од Битола во 20:00 часот. После граничните формалности патувањето го продолжуваме према Атина и пристаништето Пиреа , ноќно возење и попатни паузи.
2 ден ( 30.03.2024 ) ПИРЕА - ЕГИНА
Пристигнување во Пиреа во утринските часови. Мал одмор и слободно време. Со брод продолжуваме кон островот Егина. По пристигнувањето најпрво се упатуваме на посета на Манастирот посветен на Св. Мина. Слободно време . Потоа се упатуваме кон Манастирот Св. Нектариј. Се сместуваме во конаците на Манастирот.Слободно индивидуално време. Во договорено време се упатуваме кон главниот град на Островот. Слободно време за разглед и прошетка покрај море. Потоа се враќаме во Манастирот. Ноќевање во конаците на Манастирот.
3 ден ( 31.03.2024 ) ЕГИНА – АТИНА – МАКЕДОНИЈА
Утрото слободно време. Во претпладневните часови го напуштаме Манастирот. Се упатуваме на посета на Манастирот посветен на Св. Катерина. Потоа се упатуваме кон градот и слободно време до поаѓање со брод кон Пиреа. Патувањето го продолжуваме кон Атина, панорамски разглед на плоштадите Омониа и Синтагма. Посета на познатата улица Монастираки, шетачка зона, преполна со бутици, кафетерии и ресторани. Потоа пред Парламентот ќе проследиме смена на Почесната стража. Во поладневните часови поаѓање за Македонија со попатни паузи. Пристигнување во доцните вечерни часови.
Крај на програмата.
ЦЕНА: 135 еур
Цената вклучува:
Превоз на дадената релација со автобус и брод
Едно ноќевање во Манастирот Св. Нектариј
Попатна посета на Атина, и проштадите Омониа и Синтагма
Организација и водство на аранжманот
Цената не вклучува:
Патничко-здравствено осигурување
Неспоманти услуги
Напомена:
За ноќевањето во Манастирот треба да се носат 2 чаршафи и навлака за перница.
Пожелно е да се понеси нешто за јадење и пиење.
При посета на црквите, мастирите и верските објекти, согласно христијанските и црковните канони (начин на облекување и однесување во нив), од верниците се очекува придржување до нив. Во манастирите жените влегуваат со долго здолниште, а мажите со долги пантолони, а горната облека треба да е со ракави.
Новости
12.05.2017
НАЈУБАВИ ПЛАЖИ НА СИТОНИЈА
Топ 10 најубави плажи на Ситонија, вториот крак на Халкидики, кои ќе ви станат едни од омилените.
повеќе05.11.2016
КАКО ПАТУВАЊАТА НЕ ПРАВАТ ПОДОБРИ ЛИЧНОСТИ ?
Патувањата секој ги доживува на различен начин, но со сигурност на сите ни влијаат и повеќе од одлично.
повеќе12.05.2016
10 дена на море прават чудо за вашето тело и душа
Што точно ви носи летувањето на море?
повеќе


