Новости
НАЈУБАВИ ПЛАЖИ НА СИТОНИЈА
Плажите на Ситонија брзо ќе ви станат едни од омилените, бидејќи во главно имаат примамлив бел песок, кристално бистра и тиркизна вода, како и пријатна атмосфера за опуштање.
И додека поголемиот дел од плажите на првиот крак се слични, плажите на Ситонија раскажуваат различна приказна.
Не е лесно да се одберат најубавите, но ќе се обидеме.
Листата слободно може да ја дополните и проширите со ваши предлози во коментари.
Orange beach (Kavourotripes)
Најпознатата плажа на Ситонија, посебно помеѓу оние кои сакаат авантуристички и недопрени места. Само внимавајте, бидејќи во екот на сезоната секогаш е полна.
Kalamitsi
Плажа која има апсолутно сè – чисто море со прекрасна боја, ситен песок, простор колку што сакате, дел кој е одлично опремен со чадори и лежалки, како и таверни на сама плажа.
Karidi
Егзотиката на Ситонија се наоѓа токму тука. Многу лесно ќе се прелажете дека сте на некој остров на Кариби, што секако не е лошо.
Trani Ammouda
Скоро 2 километри долга плажа која ќе ве остави воодушевени заради погледот на Атос. За гужви не мора да се грижите, бидејќи има место да ја собере цела Ситонија. Супер е за целодневно излежување.
Lagomandra
Супер чиста и уредна плажа, за оние кои не сакаат многу да истражуваат, туку играат на сигурно. Одлична е за со дечиња, за заљубени парови и за млади.
Agios Ioannis
Плажа на западното крајбрежје, исклучиво долга и со прекрасна боја на водата. На плажата има сосема доволно место, па гужвата нема да ја почувствувате ниту во јули и август.
Kalogria
Песочна плажа со природна ладовина. Оваа плажа во сезоната е многу посетена, заради што е пожелно да одите порано. Најубавиот дел е оној близу Mango хотелот.
Lagonisi
Организирана е одлично и најголемиот дел од неа му припаѓа на кафулето, па треба да имате на ум дека простор за лична опрема нема многу. Плажата е позната по тиркизната вода и ситниот песок.
Klimataria
Се наоѓа на југот на Ситонија. Водата е плитка на подолга далечина, има ситен песок и чиста вода. Совршена е за семејства со мали дечиња, иако во последно време почнува да се полни со гужва.
Koviou
На 6 километри од Никити, оваа малечка плажа е со прекрасна боја на морето и со малку природна сенка. Одлична е за нуркање и авантури под вода.
Новости
12.05.2017
НАЈУБАВИ ПЛАЖИ НА СИТОНИЈА
Топ 10 најубави плажи на Ситонија, вториот крак на Халкидики, кои ќе ви станат едни од омилените.
повеќе05.11.2016
КАКО ПАТУВАЊАТА НЕ ПРАВАТ ПОДОБРИ ЛИЧНОСТИ ?
Патувањата секој ги доживува на различен начин, но со сигурност на сите ни влијаат и повеќе од одлично.
повеќе12.05.2016
10 дена на море прават чудо за вашето тело и душа
Што точно ви носи летувањето на море?
повеќе